Цирозата сè повеќе напаѓа

Во истражувањето објавено во„ Јournal of Clinical Gastroenterology“ се вели дека злоупотребата на алкохол, дијабетес и хепатит Ц се најзначајните фактори кои придонесуваат за цироза кај повеќе од 50% од заболените. Сите три  фактори имаат потенцијали за спречување.

Краен стадиум  на цирозата се лузни на црниот дроб. Симптомите вклучуваат жолтица, замор, крварење, лесно добивање на модринки, гадење, оток и конфузија. Но, многу пациенти немаат никакви симптоми. Цирозата на црниот дроб може да доведе до оштетување и рак на црниот дроб. Во Соединетите Американски Држави, цирозата е 12-та водечка причина за смрт севкупно и 5-та водечка причина за смрт кај пациенти на возраст од 45 – 54 години.

Ова е првото истражување за проценка на преваленцата на цироза во општата популација. Преваленцата на цироза е приближно 0,27 проценти, што одговара на 633.323 луѓе во САД. Претходната најблиска проценка изнесуваше околу 400.000.

Меѓу другите наоди на истражувањето се:

  • Луѓето со цироза имаат стапка на смртност од 26,4% во интервал од  две години.
  • Во споредба со општата популација, лицата со цироза најчесто се постари.
  • Мажите се повеќе изложени на ризик од цироза отколку жените. 
  • Преваленцата е повисока кај сиромашните луѓе и луѓето без партнер.
Поддржете ја нашата работа: