Универзумот е преполн со црни дупки?

Првиот вистински доказ за постоењето на гравитациони бранови ги натера научниците да го преиспитаат ставот од што всушност е сочинет нашиот универзум. Според тим од нучници, универзумот е преполн со црни дупки, односно може да има многу повеќе црни дупки отколку што се сметаше порано.

Оваа претпоставка е базирана на еден комплексен математички модел за вселената и ако се покаже дека е точна, голема е веројатноста дека во иднина ќе бидат детектирани многу повеќе гравитациски бранови кои се шират кон Земјата.

Истражувачите велат дека е можно да се детектираат и до 1.000 спојувања на црни дупки годишно, откако ќе почне со работа новата генерација на скенери што ќе може да ги  мониторираат брановите со поголема сензитивност од сегашните сензори на опсерватријата „LIGO“. Ова претставува огромна разлика, со оглед на тоа дека досега гравитационите бранови се детектирани само ДВА пати.

Сѐ уште не може со сигурност да се каже дека овој модел ќе биде прецизен, но овој начин успеа да ја предвиди првата детекција на гравитациски бранови во февруари. Покрај тоа, научниците од „LIGO“ велат дека нивните првични наоди укажуваат на тоа дека има многу повеќе колизии на бинарни црни дупки кои допрва треба да се детектираат.

Овој тип на бинарни црни дупки кои можат да продуцираат бранови како тие што беа детектирани од „LIGO“, не се исти како повеќето црни дупки. Тие се многу поголеми од обичните, се формирале од древни ѕвезди 40 до 100 пати помасивни од нашето Сонце и согоруваат почиста форма на водород.

Според пресметките, овие супермасивни црни дупки имаат константна брзина на вртење и нивните орбити остануваат во една рамнина. Иако се чини дека ефектите од колизијата не влијаат на нивната позиција, тоа може да има влијание на орбитите на помалите црни дупки околу нив.

„LIGO“ нема да забележи нема да забележи 1.000 црни дупки како овие секоја година, но многу од нив ќе бидат подобри повозбудливи, бидејќи ќе имаме подобри инструменти и подобра техника за да ги видиме“- вели авторот на студијата Ричард О’Шонеси од Рочестер Институтот за технологија во Њујорк.

Со други зборови, ова може да биде само почеток.

Овој модел е поделен и на другите астрономи кои се бават со гравитациските бранови за потребите на нивните истражувања, а беше објавен во списанието „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: