Земањето антидепресиви во текот на бременоста го зголемува ризикот од појава на аутизам кај детето

Професор Anick Bérard од Универзитетот во Монтреал, која е експерт во областа на фармацевтското здравје во текот на бременоста спроведе истражување заедно со децата од болницата CHU Sainte-Justine, и дојде до изненадувачко откритие – земањето на антидепресиви за време на бременост, значително го зголемува ризикот од појава на аутизам кај новороденчето.

Bérard и нејзините соработници ги истражувале податоците од 145 456 деца на 10 годишна возраст од нивното раѓање, заедно со информациите за лекови, кои ги користеле нивните мајки во текот на бременоста. Во предвид ги зеле и генетските предиспозиции за развој на аутизам, како и разни други друштвено – економски фактори.

„Aко мајките имале препишани лекови против депресија во текот на второто и третото тромесечие, тоа го зедовме како дефиниција за изложеност на антидепрњсиви. Одлучивме тој период да биде клучен со оглед на фактот дека во овој период се развиваат клучните мозочни клетки кај детето.

Меѓу децата во текот на истражувањето, ги издвоивме оние на кои им беше дијагностициран некој облик на аутизам или аспергеров синдром. На крајот добивме зачудувачки резултати. Скоро 87% кај децата, чии мајки земале антидепресиви, се развил по еден од споменатите пореметувања. Повеќето аутизам”, изјави проф. Bérard.

Докажано е дека антидепресивите предизвикуваат аутизам ако се конзумираат во текот на развојот на мозокот на детето, во кој голема улога има серотинот, хемикалија којаги регулира функциите како блага мускулна контракција, регулирање на температура, апетит, чувството на болка, однесувањето, крвниот притисок и дишењето. Повеќето антидепресиви функционираат на начин што го смалуваат количеството на серотин, и така негативно делува на мозокот на детето.

Резултатите од ова истражување се огромно откритие, затоа што 6 до 10% трудници во светот се лекуваат од депресија.

Светската здравствена организација  (WHO) предупредува дека депресијата ќе биде втората најголема причина за смрт до 2020 година, што значи дека антидепресивите и понатаму масовно се препишуваат дури и за време на бременоста, така што бремените жени треба да бидат внимателни и внимателно да одберат какви лекови ќе внесуваат во телото за време на бременоста.

Поддржете ја нашата работа: