Новата студија, што претставува досега најобемен преглед на податоци за глобалната распространетост и зачестеност на аутизмот, објавена во списанието „Psychological medicine “ тврди дека стапката е непроменета од 1990 година. Студијата ги опфаќа сите истражувања за аутистичните растројства во последните 20 години.
Извештаите на повисоки стапки на аутизам во последниве години не значи дека болеста се шири, туку дека е подобрен начинот за идентификување на луѓе со аутизам, особено оние со поблаги симптоми.
7,5 лица од 1000 имале аутизам во 1990 година; 7,6 од 1000, во 2010 година. Во 2010 година имало околу 52 милиони случаи на аутизам во целиот свет, односно едно на 132 лица.
Спектарот на аутистични нарушувања вклучува аутизам, Аспергеров синдром, и первазивно развојно нарушување попознато како ПДД-НОС. Сите овие невроразвојни нарушувања влијаат на способноста за комуникација и социјална интеракција. Причините се уште не се познати.
Важно е да се спомене дека постои огромен недостаток на податоци за возрасни лица со аутизам. Само една студија е спроведена на аутистичен спектар на нарушувања кај возрасни.
енаука.мк ( реобјавена статија )