Човечкото лице резултат на ќотек

Досегашната долгогодишна идеја е базирана на аспектот на исхрана, односно потребата за цврста вилица која може да џвака цврста храна.

Анализите покажуваат дека за време на борба, лицето е примарна цел, вели биологот Дејвид Кариер. Коските на лицето претрпуваат најголем број на фрактури и имаат најголеми промени во текот на еволуцијата, од двоножните мајмуни-астралопитекус (анг. аustralopithecus) па се до денес. Астралопитекус се претходници на хомосапиенсот. Се појавуваат пред 4 милиони години и поседуваат карактеристики на мајмун и човек.

Кај мајмуните и кај луѓето постојат полови разлики во однос на формата на лицето. Антрополозите наоѓаат објаснување во фактот дека мажите се понасилни од жените, првенствено поради потребата да се изборат за ресурси.

Споредбата на големите мајмуни како шимпанзата и горилата со астралопитекусот ги бележи следните разлики : намалување на должината на вилиците, голем пораст на робусноста и силата на вилиците, молекулите на забите и мускулите за џвакање, значителен пораст во големината и силата на коските во образите, како и зголемување на делот околу очите.

Пропорциите на раката, потребни за формирање на тупаница и големите зголемувања на стабилноста на лицето се случиле на почетокот на нашиот вид, пред 4.000.000-5.000.000 години.

Студијата на Кариер и Морган, се базира на нивните претходни истражувања кои ја истакнуваат улогата на насилството во процесот на човековата еволуција.

 

Поддржете ја нашата работа: