Дали е возможно – Марс како втора Земја?

Дали е возможно намерно да се измени и обликува друг свет, за да се направи погоден за живот на човекот? Тоа би значело дека, меѓу другите работи, ќе треба да се промени и атмосферата, екологијата, температурата и топографијата. Да го земеме Марс како пример.

Неодамна, НАСА објави дека поради соларните ветрови и недостатокот на CO2, изменувањето на Марс, за да се направи погоден за живот, ќе биде уште потешко отколку што се претпоставуваше. Но, се’ уште има надеж.

stages-of-martian-terraforming

Мартин Фог, во својата книга со наслов „Terraforming: Engineering Planetary Environments“ зборува за 5 клучни промени на Марс и тоа:

-Мора да се зголеми температурата на површината

-Мора да се зголеми атмосферскиот притисок

-Мора да се промени хемискиот состав на атмосферата

-Мора да се навлажни површината на земјата (по можност со вода)

-Мора да се намали УВ зрачењето (бидејќи е смртоносно за луѓето)

Иако ќе биде потребно многу време и многу напор за да се оствари сето ова, научниците сметаат дека со глобална соработка и инвестирање, се’ е возможно.

Па, би можеле ли да го замислите Марс како втората Земја?

https://vimeo.com/145394263

Поддржете ја нашата работа: