Дали физичката активност ги прави децата попаметни?

Група научници велат дека вежбањето ја зголемува моќта на мозокот и академските вештини кај децата и младите.

Времето кое ќе биде одземено од лекциите и ќе биде посветено на физичката активност е добро искористено време и не влијае на добрите оценки, велат 24 потписници на извештајот за физичка активност во училиштата и во слободното време, којшто е објавен на интернет во Британскиот весник за спортска медицина.

Извештајот ги издвојува најдобрите достапни докази за влијанието на физичката активност на децата и младите и е составен од страна на група од меѓународни експерти, со широк спектар на специјализација, од Велика Британија, Скандинавија и Северна Америка.

Извештајот вклучува 21 одделна изјава за четирите теми на фитнесот и здравјето, интелектуалните перформанси, ангажманот, мотивацијата и благосостојбата, и социјалната инклузија, а опфаќа структурирани и неструктурирани форми на физичка активност за децата од 6 до 18 годишна возраст, во училиште и во слободното време.

Во извештајот се вели дека:

  • Физичката активност и кардиреспираторниот фитнес се добри за развојот и функционирањето на мозокот на децата и младите, како и за нивниот интелект.
  • Една сесија физичка активност пред, за време на, и после училиштето ги зголемува академските вештини
  • Една сесија на умерено енергична физичка активност има директни позитивни ефекти на функцијата на мозокот, интелектот и академските перформанси.
  • Мајсторството на основното движење ја зголемува моќта на мозокот и академските перформанси.
  • Времето одземено од лекците и посветено на физичка активност не влијае на добрите оценки.

Во однос на физиолошките придобивки од вежбањето, во извештајот се вели дека кардиореспираторниот и мускулниот фитнес „се силни предвесници“ на ризикот за развој на срцеви заболувања и дијабетес тип 2 подоцна во животот, па интензивното вежбање во детството може да ги држи овие фактори под контрола.

Позитивните ефекти од вежбањето не се ограничени само на физичкото здравје. Редовната физичка активност може да помогне во развојот на важни вештини во животот, како самодоверба, мотивација и благосостојба. Покрај тоа, може да ги зајакне односите со врсниците, родителите или тренерите и да промовира социјална инклузија на оние од различни средини, етнички групи, сексуална ориентација, ниво на вештини или физички капацитет.

Strong man child showing bicep muscles concept for strength, confidence or defence from bullying

Вклучувањето на физичката активност во секој аспект на училишниот живот и обезбедувањето на соодветни и заштитени јавни места, како велосипедски патеки, паркови и игралишта, се ефективни стратегии за обезбедување на еднаков пристап до физичките активности, а воедно и ефективни стратегии за зголемување на физичката активност кај децата и младите, се вели во извештајот.

Поддржете ја нашата работа: