Две глави се подобри од една

Научниците од Универзитетот Дјук, објавија две истражувања, во списанието „Scientific Reports“ каде опишуваат соединување на мозоците на животни преку електроди. Тие откриле дека стаорци и мајмуни можат да ги координираат своите мозоци за да решат едноставни загатки или да поместат вештачка рака. Во многу од експериментите, животните подобро функционирале како пар, отолку самостојно.

Доктор Мигел Николелис, директор на Центарот за невроинженеринг на Дјук и неговите колеги, поставиле два сета од електроди во мозоците на четири стаорци. Еден сет од електродите праќал сигнал во еден дел од секој мозок, додека другиот сет мониторирал  друг дел од мозокот. Четирите глувци примале ист сигнал, додека комјутерски биле набљудувани како реагирале нивните мозоци. Кога сите четири глувци продуцирале сигнал во исто време, биле наградувани со голтка вода.

Биле потребни многу обиди и грешки, но стаорците успеале да сватат како да ги синхронизираат своите мозоци за да добијат награда. Стаорците успеале и да продуцираат различни мозочни одговори на различни сигнали. Нивниот колективен одговор бил точен во 87% од времето, што било значително подобро отколку кога стаорците учеле поединечно.

Научниците, исто така, откриле дека можат да ги поврзат мозоците на три стаорци во ланец за обработка на информациите. Прво, тие научиле еден од стаорците да продуцира исправен одговор на два различни електрични импулси. Потоа, го поврзале мозокот на првиот со мозокот на вториот стаорец. Вториот стаорец, по извесно време научил да ги создава истите мозочни активности како и првиот, а третиот стаорец можел доследно да ги интерпретира одговорите од вториот стаорец. Потоа, научниците ги испратиле мозочните активности од третиот стаорец , назад кон првиот и тој бил во состојба да ги интерпретира.

Со мајмуните, научниците направиле малку поамбициозен експеримент, каде што тие требало да поместат роботска рака. Научниците прикачиле електроди на два мајмуни, наместо само на еден. На комјутер им биле покажани слики од рака и топка, а мајмуните имале задача, работејќи заедно, да ја поместат топката кон раката, што им обезбедувало награда.

Во друг експеримент, научниците програмирале виртуелна рака во 3Д простор, дозволувајќи им на мајмуните да ја делат контролата врз движењата на раката. Дури и кога едниот мајмун не ја контролирал добро раката, другите двајца го компензирале.

Најинтересниот аспект од овие експерименти е долгорочната корист која би ја имале  луѓето. Би можело да се координираат големи проекти, со соединување на луѓето преку мозочна мрежа. Хирурзите би можеле да им помагаат на другите хирурзи, без да се присутни во истата просторија. Можностите се неограничени.

Сепак, постојат и некои недостатоци во ваквото поврзување на мозоците. Првенствено, се  наметнуваат многу етички прашња, прашањата за приватноста и законската одговорност. Ако мозочната мрежна поврзаност се искористи за криминал – било во реалниот или во сајбер просторот, кој ќе биде одговорен за криминалното дело? Како и кај секоја нова возбудлива технологија, така и кај оваа, потребно е да се преземат соодветни мерки на претпазливост.

Поддржете ја нашата работа: