Идентификувани структурни промени во мозокот на шизофреничарите

Научниците во повеќе од десетина локации низ САД и Европа ги анализирале мозочните MР скенови од 2.028 пациенти со шизофренија и 2.540 здрави лица, тестирани со стандардизирани методи во 15 центри низ целиот свет. Резултатите, објавени во „Molecular Psychiatry“, ќе помогнат за унапредување на разбирањето на менталното растројството.

Резултатите се исход од „Подобрување на невровизуелизацијата на генетиката“ преку мета-анализа проектот (ЕНИГМА), од работната група за шизофренија со која ко-претседаваат Џесика Тарнер, вонреден професор по психологија и невронски мрежи во Грузија, и Тео ван Ерп, професор по психијатрија на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин.

„Ова е најголемата структурна мета-анализа во областа на шизофренијата, и конкретно, тоа не е мета-анализа базирана само на литературата”, вели Тарнер.  

Тимот откри дека лицата со шизофренија имаат помал обем на хипокампусот, амигдалата, таламусот, акумбенс јадрото и интракранијалниот простор отколку контролната група, како и поголем палидум и вентрикуларен волумен. Податоците може да се користат за идентификување на различни фенотипови и нарушувања на мозокот.

ЕНИГМА исто така формира работни групи за други нарушувања, како што се биполарно растројство, недостаток на внимание, клиничка депресија, аутизам и зависности, за кои се прават истите мета анализи.

Следниот чекор во ова истражување е да се споредат ефектите низ заболувањата, да се идентификува кој дел од мозокот е најмногу погоден од различно растројство, и за да се утврди влијанието на возраста, лековите, животната средина и профилирањето на симптомите.

„Зборуваме за огромен напредок, не само поради масивните бази на податоци, но, исто така, бидејќи соработката од целиот свет помага во изнаоѓање на нешто реално, и сигурни сме дека ќе го промени начинот на кој размислуваме за овие нарушувања, како и начинот на справување со истите“, вели Тарнер.

Поддржете ја нашата работа: