Машкиот и женскиот мозок стареат различно

Научниците ја откриле клучната разлика во начинот на стареење на машкиот и женскиот мозок. Се чини дека длабоките субкортикални структури во мозокoт побрзо стареат кај мажите отколку кај жените. Тоа може да е причината зошто мажите со стареењето се поподложни на невролошки заболувања како што е Паркинсоновата болест.  

Ова се наоди од научниците од Универзитетот во Сегедин, Унгарија. Тие ги анализирале мозочните структури на 53 мажи и 50 жени кои биле споени според возраста. Особено внимание било посветено на субкортикалните мозочни структури – делови од мозокот што се вклучени во контролата на движењата и обработката на емоциите, како и на таламусот кој раководи со пренесувањето на информациите помеѓу различни делови од мозокот додека разmислуваме.

Иако кај сите учесници, со стареењето, е забележана редукција на севкупното мозочно ткиво и волуменот на таламусот, намалување на големината на делови од мозокот кои ги контролираат движењата на телото (caudate nucleus и putamen) биле забележени само кај мажите. Покрај тоа, се покажало дека сивата маса во сите делови од мозокот побрзо се намалува кај мажите, што може да укажува на процеси на побрзо мозочно стареење.

Во претходни истражувања се покажани некои основни разлики помеѓу мозокот на мажите и жените. На пример, машкиот мозок обично е поголем од женскиот, иако поголемиот мозок не значи дека е и попаметен. Исто така е познато дека мажите се поподложни на Паркинсонова болест, додека кај жените поголема е веројатноста да развијат Алцхајмер.

Новото истражување би можело да укаже на една од причините зошто е тоа така, иако не се знае што точно се случува што го предизвикува тоа – хормоналните промени и реакцијата на мозокот на тие промени може да е една од тие причини.

После вакви впечатливи откритија, потребно е да се направат понатамошни истражувања за да се поткрепат овие наоди и подобро да се разберат причините. Со време, сепак истражувањето би можело да доведе до подобри третмани, а потенцијално дури и до лек за овие тешки невролошки заболувања и кај мажите и кај жените.

Истражувањето е опишано во „Brain Imaging and Behaviour“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.