После повеќе од еден век неактивност, еруптираше најголемиот вулкан во Никарагва за ден потоа да се случи спектакуларна ерупција на вулканот Етна во Италија, проследена со неверојатни грмотевици кои удираат во вулканот.( Видео на енаука.мк )
Дали оваа активност на вулканите на два различни континетни е поврзана научниците се’ уште немаат одговор, но сепак општ заклучок е дека постои чудна динамика и процес што се одвива во земјиното јадро.
Дали можеме да очекуваме и други вулкани да се активираат никој не може со сигурност да каже, иако микро земјотресите на одредена територија можат да укажат на потенцијална опасност.
Вулканот Момотомбо кој се наоѓа кон западната граница на оваа централно американска држава, еруптираше во понеделникот ноќта, исфрлајќи лава, чад и пепел.
Ова е прва ерупција од 1905 година. Според локалните извештаи, луѓето што живеат во околината почувствувале потреси и забележале облаци од чад што излегуваат од вулканот во текот на последните неколку недели пред ерупцијата.
Пред 1905 година, Момотомбо бил многу поактивен и еруптирал 10 пати помеѓу 1849 и 1905 година.
Експертите не можат да кажат зошто вулканот останал мирен толку долго време, но серијата потреси што се случиле неодамна, навестувале појава на ерупција.
Од 2003 до 2011 година, сеизмичките промени во самиот вулкан укажувале дека магмата се движи во внатрешноста.
Вулканот Момотомбо, изграден од слоеви на густа лава и пепел, се наоѓа во сеизмички активно подрачје на границата помеѓу Кокосовата и Карипската тектонска плоча.