1. Белите дробови не служат само за дишење. Белите дробови кај цицачите произведуваат повеќе од 10 милиони тромбоцити на час, што ги вклучува поголемиот дел од тромбоцитите кои циркулираат во телото.
2. Патувањето низ времето, теоретски е возможно. Не постои математичка причина зошто, машината која е замислена за патување низ времето, не би била во можност доволно да го искриви просторно-временскиот континуум за да се врати назад во времето.
3. Сибир има огромен кратер наречен “вратата на подземјето”, и неговиот мраз се топи со голема брзина.
4. Првите полу-синтетички организми на светот живеат мешу нас – научниците доведоа до нови форми на живот со помош на продолжен шест генетски код.
5. Vantablack – најцрниот материјал на науката. Произведен е пред неколку години, а со негово усовршување, денес е поцрн од било кога.
6. Мезентериум. Официјално е потврдено дека во човечкиот организам има уште еден орган.
7. Најреткото, а воедно најстарото куче на светот сеуште не е изумрено. Дивото горско куче е пронајдено со помош на скриени камери во Нова Гвинеја.
8. Вашето слепо црево не е бескорисно. Тоа може даможе да служи како резервоар на добри цревни бактерии.
9. Синдромот на полицистични јајници, всушност може да започне во вашиот мозок, а не во вашите јајници.
10. Земјата има уште еден континент, наречен Зеландија, а половина од него се наоѓа под вода.
11. Пајаците јадат повеќе инсекти отколку човекот месо и риба.
12. Пцуењето има позитивни ефекти и може да им помогне на луѓето при големи напори. Со помош на пцуење, може да се зголеми физичката сила и отпорноста на болка.