Научник на денот: Ерик Р. Кандел

Исто така, тој е директор на Институтот Kaвли за истражување, ко-директор на Иницијативата за Ум-Мозок- Однесување и виш истражувач на Хауард Хјуз Медицинскиот институт. Кандел исто така е основач на Центарот за Невробиологија и однесување во Колумбија.

Кандел ја доби Нобеловата награда во 2000 година за физиологија или медицина, заедно со Арвид Карслон и Пол Грингард, за нивните откритија во врска со сигналната трансдукција во нервниот систем и неговата врска со физиолошката основа со меморијата во мозокот.

Кандел студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк, каде што подоцна работи во одделенијата за физиологија и психијатрија. На крајот, тој формира Одделение за невробиологија и однесување таму.

Тој е автор на многу книги, вклучувајќи ги и „Принципите на Нервната Наука“, која често се користи како учебник и референтен текст во медицинските училишта. Во 2006 година, тој ја напишал, „Во потрага на меморијата: појавата на една нова наука на умот“, која е всушност популарна сублимација на неговиот живот и кариерата. За делото ја добива наградата од „Лос Анџелес Тајмс“ за Книга за наука и технологија.

Меѓу бројните признанија, Кандел ја добива и наградата „Волф“ за медицина во 1999 година и наградата „Харви“ во 1993 година, заедно со Нобеловата награда во 2000 година.

Интернет извор: Eric R. Kandel’s Home Page.

Поддржете ја нашата работа: