Запознајте го неверојатното срце на Плутон

Несомнено, најголемата извонредна работа што човештвото ја откри за Плутон за време на историското прелетување на вселенското летало „New Horizon“ , е дека на џуџестата планета има срце, односно еден регион со гигантски облик на срце главно составен од азотен мраз.

Сега, благодарение на едно ново истражување, знаеме како настанал овој регион наречен „Tombaugh Regio“.

Срцето на Плутон не е само од мраз, туку една огромна формација од глечери. Мразот на тие глечери е првично составен од азот, но исто така има и метан и јаглероден моноксид.

Па како овие компоненти се споиле заедно за да ја направат уникатната форма на срце?

Одговорот ни го даваат истражувачите од Универзитетот Пјер и Марија Кири во Франција кои ги користеле податоците на НАСА од „New Horizon“ и симулација за моделирање на атмосферскиот развој на Плутон во текот на околу 50.000 години.

Површината на Плутон е неверојатна мешавина од различни видови на мраз кои не постојат на Земјата – азот, метан и јагглерод моноксид. Развивме топлински модел на површината на Плутон за да го разбереме механизмот на кондензација/сублимација на неговиот мраз на глобално ниво“ – изјавува главниот истражувач Тангај Бертранд.

Мазниот изглед на левата половина на „Tombaugh Regio“ е 1.000 километри широка рамнина наречена „Sputnik Planum“. Под мразот, овој огромен простор е всушност длабока котлина кој се протега 4 километри надолу. Според истражувачите, оваа бездна има улога на некаква ладна стапица, која собира мраз во својот досег, особено азот и јаглерод моноксид.

researchers-just-figured-out-how-pluto-got-its-heart-634x330

Наодите, објавени во„Nature“ покажуваат дека на Плутон не му е потребен скриен резервоар на азот под површината за да го храни глечерот „Sputnik Planum“ како што претходно мислеа научниците.

Сепак, истражувањето покажува дека нешто уште подраматично може да постои на оваа џуџеста планета, благодарејќи на бавните движења на ледената површина во согласност со годишните времиња на Плутон. И тоа се одвива многу бавно, бидејќи една година на Плутон е еднаква на 248 години на Земјата, со што на една сезона и се потребни неколку денеции за да дојде.

Но, кога тоа ќе се случи, најдлабоките краишта на „Sputnik Planum“ ќе останат замрзнати во времето, додека поплитките делови во и околу „Tombaugh Regio“ ќе овозможат повеќе гас и движење на мразот. Па крајниот резултат би бил – срце што бие.

Едната половина од срцето е навистина голем глечер, кој што не е под влијание на сезонските промени. Тој најверојатно е формиран кога се формирала и самата котлина, и ќе остане таму и во иднина. Меѓутоа, најверојатно има свој тек и се вовлекува на неколку стотици километри со текот на времето (како срце што бие), еродирајќи и обликувајќи ги планините околу него“ – додава Бертранд.

Поддржете ја нашата работа: