Неколку помалку познати факти за големите научници и иноватори

Секојдневниот живот постојано се менува и се подобрува благодарение на генијалните идеи на иноваторите од минатото и сегашноста. Светот во кој денес живееме ќе беше многу поразличен без славните откритија на научниците. Тие го поместија светот на науката понапред, овозможувајќи му на човештвото да најде одговор на неверојатните прашања и мистерии и да отвори поле за нови истражувања и откритија. Но, постојат многу, помалку познати факти за овие иноватори, кои можеби ќе ве интересираат. Проследете неколку од нив:

1. Исак Њутн го опишал движењето на водата од коренот кон листовите на растенијата во своите студентски белешки во 1660 година, пред тоа да биде официјално предложено во 1895 година

Процесот на движење на водата од коренот до лисјата (транспирација), за првпат бил предложен во 1895 година, но сличен процес бил опишан од Исак Њутн во неговите студентски белешки во 1660 година. Ова е проценката на професорот Дејвид Берлинг (од Универзитетот во Шефилд) што е објавена во списанието “Nature Plants”. Берлинг смета дека терминот „пори“ што го користи Њутн, всушност повеќе се однесува на спроводното ткиво во самото стебло, отколу на надворешната страна од листовите. (извор)

12. Стивен Хоконг може да изговори само еден збор во минута. Тоа го постигнува преку движење на образите со што го контролира курсорот на екранот. Компанијата Интел се надева дека ќе го зголеми говорот на Хокинг на 10 зборови во минута.

2Стивен Хокинг продолжува да работи и покрај својата болест, објавувајќи и книги меѓу кои и „Големиот дизајн“ во 2010 година. Тој може да изговори само еден збор во минута, така што ги стиска образите, со што го контролира движењето на курсорот на екранот. Интел изработи нов систем со кој се надева дека ќе му овозможи на Хокинг да изговори 5, па дури и 10 зборови во минута.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Како функционира системот за комуникација на Стивен Хокинг?

И покрај неговите влијателни научни трудови, Хокинг сѐ уште не е награден со Нобеловата награда. (извор)

3. Џејмс Вотсон кој ја открил спиралната структура на ДНК верува дека глупоста е болест и дека глупавите луѓе треба да се „лекуваат“, дека луѓето од Африка се помалку интелигентни и дека тој никогаш не би вработил дебели луѓе

3Џејмс Вотсон е еден од научниците кои ја откриле спиралната структура на ДНК. Тој често искажува провокативни концепти и потценувачки мислења за другите од областа на генетското истражување. Тој верува дека глупоста е болест и дека глупавите луѓе би требало да се „лекуваат“, дека луѓето од Африка се природно помалку интелигентни и дека тој никогаш не би вработил дебел човек. (извор)

4. Роберт Август Чесбро, кој го направил вазелинот, толку верувал во својот производ што тврдел дека секој ден јаде по една лажичка вазелин

4Роберт Август Чесбро бил американски хемичар кој го направил вазелинот и ја основал компанијата „Chesebrough Manufacturing Company“. Тој тврдел дека јаде по една лажичка вазелин дневно. Пред да почне да го продава тој го тестирал вазелинот на сопствени исеченици и изгореници. За демонстрација тој правел изгореници на својата кожа со киселина или оган, потоа ги премачкувал  раните со чист вазелин и ги покажувал претходните повреди кои оздравеле. (извор)

5. Пред 1929 година, повеќето научници, вклучувајќи го и Ајнштајн, сметале дека Универзумот едноставно „е таму“ од самиот почеток и дека не ја менува големината. Ајнштајн сфатил дека греши кога дознал за наодите на Хабл во 1930 година.

5Пресметките на Ајнштајн му укажувале дека универзумот не може да е статичен и дека би требало тој да се шири или да се собира, но тој го игнорирал тоа што му го покажувале пресметките.

Во 1930 година, Едвин Хабл ги проучувал поместувањата на големите галаксии со помош на најмоќните телескопи од Земјата и дошол до заклучок дека нашиот универзум се шири. Кога Ајнштај дознал за наодите на Хабл, тој отпатувал во Калифорнија за да се сретне со него. Во опсерваторијата „Mount Wilson“ ги видел податоците за далечните галаксии кои довеле до „Законот на Хабл“ кој го опишува ширењето на универзумот и сфатил дека цело време грешел. (извор)

6. Рудолф Дизел, изумителот на дизел моторот, извршил самоубиство во 1913 година, бидејќи сметал дека неговиот изум нема да доживее успех

6Во почетокот на 1900-те години многу набљудувачи сметале дека моторите со внатрешно согорување нема да ги надминат возилата на пареи и електричните возила. Рудолф Дизел кој во1890 година го создал дизел моторот, извршил самоубиство во 1913 година, бидејќи сметал дека неговиот мотор ќе доживее неуспех. Но, четири децении после неговата смрт неговата иновација станала доминатна на пазарот за големи бродови и камиони, а многу подоцна (во 1990-тите), зазема значителен дел од европскиот автомобилски пазар. (извор)

7. После смртта на Ајнштајн во 1955 година, бил откриен бележник наречен „Циришки бележник“, кој ги содржи неговите пресметки за теоријата на релативитетот и е објавен на интернет за сите да може да го видат

7Ајнштајновата општа теорија на релативитет се наоѓа на врвот на неговите најголеми достигнувања. Неговата работа на општата релативност траела осум години. После неговата смрт во 1955 година, помеѓу неговите документи е пронајден мал кафеав тефтер „Белешки за предавање за релативитетот“ кој содржи негови приватни пресметки. Тој пишувал равенки кои ги поврзуваат просторот, времето, материјата и гравитацијата подеднакво убаво како и Шекспировите сонати, но напишани на универзалниот јазик на математиката. При секој обид осмислен да ја тестира Ајнштајновата теорија, таа излегува како победник. (извор)

8. Марија Кири била пионер во истражувањето на радијацијата, а нејзините истражувачки трудови сѐ уште се радиоактивни

8Марија Кири ги открила елементите полониум и радиум. Нејзините документи, мебел, па дури и книгата со рецепти за готвење сѐ уште се радиоактивни. Ако сакате да ги видите кутиите со нејзините белешки мора да носите заштитна облека и да потпишете документ за согласност дека тоа го правите на лична одговорност.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Личните предмети на Марија Кири Склодовска се се’ уште радиоактивни

Марија Кири решила да врши истражување на ураниумовите зраци откриени од Хенри Бекерел, како можна област за истражување на нејзината теза. Таа користела иновативна техника за испитување на примероци и е единствената личност која добила Нобелова награда и за физика и за хемија. (извор)

9. Нилс Бор добил на подарок куќа која била поврзана со цевка за бесплатно пиво од „Carlsberg“ откако ја освоил Нобеловата награда во 1922 година

9Нилс Бор бил еден од најголемите научници и миленик на своите сограѓани кога живеел во Копенхаген. Кога ја добил Нобеловата награда во 1922 година, од пиварата „Carlsberg“ добил на подарок куќа која била лоцирана во нејзина близина. Куќата имала цевка директно поврзана со пиварата, така што Бор имал бесплатно пиво кога ќе посакал. Бор во 1921 година го основал Институтот за теоретска физика, со помош на данската влада и фондацијата „Carlsberg“. (извор)

10. Рене-Теофил-Ијасент Лаенек го измислил стетоскопот бидејќи му било непријатно да го става своето уво на градите на млади жени

10Рене Лаенек бил француски лекар кој во 1816 година го измислил стетоскопот, бидејќи му било непријатно да врши директна аускултација (ставајќи го увото на градите на пациентот), поради полот, возраста или дебелината на пациентите.

Три години вршел тестирање на разни видови на материјали за изработка на цевката и усовршување на својот изум. Дрвената цевка на Лаенек бил првиот вистински стетоскоп. Лаенек го усовршил физичкиот преглед на градите и вовел многу клинички термини кои се користат и денес. (извор)

11. Џон Шепард-Барон го измислил банкоматот. ПИН-кодот првично содржел шест цифри, но бил намален на четири, бидејќи сопругата на Џон можела да запомни само четири

11Џон Шепард-Барон ја добил идејата за банкоматите додека се бањал. Првичната замисла била ПИН-от за банкоматите да биде составен од шест цифри – како неговиот војнички број, но по разговорот со својата сопруга го намалил на четири, бидејќи таа можела да запомни само четири цифри. И така четирицифрениот ПИН-код станал светски стандард.

Првиот банкомат бил инсталиран во филијалата на Баркли во Енфилд, северен Лондон. Употребата на банкоматите вистински земала замав околу 1973-тата, кога 2.000 банкомати биле продадени и инсталирани во САД. Се проценува дека сега има околу 2 милиони банкомати ширум светот. (извор)

12. Ерно Рубик ја измислил Рубиковата коцка (Магичната коцка), со намера да направи структура што ќе помогне во објаснувањето на тро-димензионалната геометрија, која стана најпродаваната играчка на сите времиња

12Ерно Рубик ја измислил „Магичната коцка“ бидејќи сакал да направи структура од делови кои се движат самостојно без да се распаднат и не му паѓало на памет дека тоа ќе биде најпродаваната играчка на сите времиња. Му биле потребни повеќе од еден месец работа на решението на загатката. Прирачникот за решавање на коцката станал бестселер. Магичната коцка се состои од дваесет и шест минијатурни коцки и ја освои наградата за Играчка на годината во 1980 и 1981 година. Оваа сложувалка дури има и свое ТВ-шоу. (извор)

13. Ерл Диксон го измислил фластерот во 1920 г. за да и помогне на својата сопруга која често добивала изгореници додека готвела

13Фластерот го измислил Ерл Диксон, вработен во „Johnson & Johnson“ наменет за неговата сопруга Жозефина, која многу често добивала исеченици и изгореници додека готвела. Оригиналниот фластер бил домашна изработка и не бил многу популарен. До 1924 година компанијата „Johnson & Johnson“ вовела машина која произведувала стерилни фластери. Во 1951 година биле направиле првите декорирани фласери кои доживеале голем комерцијален успех. (извор)

14. Никола Тесла го „излекувал“ Марк Твен од запек, со помош на струја

14Никола Тесла и Марк Твен станале пријатели откако Тесла го излекувал Твен од запек, пуштајќи му струја низ телото. Уредот на Тесла всушност бил високо фреквентен осцилатор. Тие двајца исто така сакале да го користат теслиниот пиштол со Х-зраци на листови од неразвиен филм за да прават слики, вклучувајќи неколку и од черепот на Марк Твен. (извор)

Поддржете ја нашата работа: