Нови експерименти за контроверзната трансплантација на глава

Италијанскиот невролог кој сака да се обиде да ја изведе првата трансплација на глава кај луѓето, ко-едитирал серија на извештаи каде што тврди дека има извршено слична трансплација на глувци, стаорци и куче.

Овие извештаи, објавени во „Surgical Neurology International“, ја опишуваат работата на истражувачите во Јужна Кореја и САД кои користеле хемикалија наречена полиетилен гликол или „PEG“ за да им помогне при поврзувањето на ’рбетниот столб кај животните.

Контроверзниот невролог зад овие експерименти, Серхио Канаверо, се прослави уште во 2015-тата година кога изјави дека трансплацијата на човечка глава е возможна, и дека е нешто што сака тој да го направи за само две години.

„Главата на примателот се пренесува на телото од дарителот и двата краја на ’рбетниот столб – кои наликуваат на два густо спакувани снопови од шпагети – се спојуваат заедно“ – изјави Хелен Томсон за „New Scientist“ во тоа време.

За да го постигне ова, Канаверо има намера да ја полие областа со хемикалијата наречена полиетилен гликол, и да продолжи со инјекции од истата хемикалија неколку часа. Исто како што топлата вода прави сувите шпагети да се држат заедно, полиетилниот гликол овозможува мастите во клеточните мембрани да се спојуваат.

Но, оттогаш, целиот овој процес стана прилично површен.

Прво, имаше трансплатација на глава на мајмун, што би било неверојатно, но соопштението во јавноста излезе без документација која го подржува тоа, и се’ уште не можеме да видиме документи кои научно го докажуваат процесот. Како дополнение на ова, мајмунот бил жив само 20 часа, па единствено што имаме се само слики.

headtransplant

И покрај недостигот на цврсти докази, еден руски човек кој страда од дегенеративна болест се согласил да биде „експериментално глувче“, во една болница во Виетнам каде што еден Кинески хирург се согласил да ја изведе операцијата.

36d61d8f00000578-0-image-a-18_1470237735984

Американскиот тим кој стои зад еден од најновите извештаи, од Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас, работел во насока да го направи полиетиленскиот гликол поефикасен со додавање на наноленти од графен кои дејствуваат како скеле за невроните да растат по нив.

„Нашата мотивација е поправка на ’рбетниот столб. Доколку ова успее, ќе има огромни последици за повредите на ’рбетот. Сметаме дека доколку работите во насока на овозможување на трансплација на глава, ова ќе ви биде потребно, па дозволете ни да ви помогнеме“ – изјавува Џејм Тур, кој е дел од тимот на Рајс.

Научниците од Јужна Кореја од Универзитетот Конкук работеле со овој нов вид на полиетиленски гликол кај пет стаорци, иако четири од нив умреле во поплава која се случила во лабораторијата и не биле собрани никакви резултати. Последниот стаорец, наводно покажал благо движење два дена по операцијата, и во рок од две недели тој се движел, стоел на задните екстремитети и се хранел.

Минатата недела една снимка покажана на „New Scientist“ го покажува финалниот експеримент на Јужна Кореа, со едно куче кое е способно да оди само три недели откако неговиот ’рбетен стол бил речиси целосно отсечен. Истражувачите тврдат дека по три дена кучето имало само минимално движење, по две недели можело да оди само со предните нозе, а по три недели одело нормално. Сепак овие извештаи се’ уште не ги убедиле научниците.

„Кучето е извештај за еден случај, а не може да научите многу од едно животно без контроли. Тие тврдат дека го сечат ’рбетниот столб 90 проценти, но нема докази за тоа во извештајот освен само некои сурови слики. Овие извештаи не го подржуваат идењето нанапред кон трансплација кај луѓето“ – изјавува Џери Силвер, невролог од Охајо.

Сепак, се чини дека Канаверо работи со полна пареа, па можеби ќе бидеме сведоци на човечка трансплатација во 2017-тата година. Се надеваме дека нема да заврши како што предвидува еден научник – судбина „значително полоша од смртта“.

Извештаите за глувците, стаорците и кучето, како и за целокупниот проект може да ги прочитате на веб-страницата на „Surgical Neurology International“, а видеата за стаорците и кучето да ги погледнете подолу.

Поддржете ја нашата работа: