Откриени два вида мраз на површината на кометата 67П/ Чурјумов-Герасименко

За прв пат, научниците потврдија дека на површината на легендарната комета 67П/ Чурјумов-Герасименко се идентификувани големи замрзнати пукнатини, што претставува решение на неколкумесечната мистерија за тоа зошто беше идентификувана вода на секое друго место на кометата, освен нејзината површина. Ова е возбудливо откритие бидејќи овозможува увид во динамиката на слоевите на кометата и нивната еволуција.

Во 2014 година, оваа комета влезе во историјата со тоа што стана првата комета на која слета далечински управувано летало – лендерот Фили, како дел од сондата Розета, со чија помош научниците идентификуваа огромен облак од гас околу кометата, за кој беше утврдено дека е составен претежно од молекули на вода. Научниците исто така пронајдоа доволно докази кои сугерираат дека една од главните компоненти на јадрото на кометата (цврстиот централен дел) е замрзната вода, односно мраз. Но, и покрај доказите за вода во и околу кометата, досега немаше знаци за нејзино присуство на површината.

Научниците конечно успеале да идентификуваат пукнатини со замрзната вода во регионот наречен Имхотеп, со помош на Розета која зрачела инфрацрвена светлина на површината. Научниците потоа ги анализирале различните рефлексии на светлината и откриле два различни вида на мраз на површината – милиметарски зрнца мраз од чиста вода и зрнца со големина од 50 микрометри.

Ice_on_Comet_67P_Churyumov-Gerasimenko

Помалите зрнца од 50 микрометри најверојатно се поврзани со тенкиот слој на мраз што се формира како резултат на ротацијата на кометата, додека историјата на поголемите зрнца се чини посложена. Научниците сметаат дека можеби тие испаруваат секој пат кога кометата е ротирана кон Сонцето и потоа повторно се кондензираат во малите пукнатини на долните региони од површината, како што кометата се одалечува и се лади.

ESA-VIRTIS-info

Тимот сега ќе започне да ги анализира податоците собрани од различни периоди, за да види како мразот реагирал на доближувањето на кометата до Сонцето во средината на 2015 година.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: