Погледнете како изгледа највисокиот мост во светот

Погледнете го мостот „Duge Beipanjiang“ во југозапаниот дел на Кина, кој сега претставува највисокиот мост во светот, со 565 метри над долината, а минатата недела беше отворен за сообраќај.

Овој мост, кој се протега на 1.341 метри, се изработувал 3 години и се проценува дека ја чинел кинеската влада околу 1 милијарда јуани или 144 милиони долари.

Според Кинеската централна телевизија, мостот ќе го намали времето на патување помеѓу „Liupanshui“ во провинцијата „Guizhou“ и „Xuanwei“ во провинцијата „Yunnan“ на 2 часа, од досегашните 5, доколку височината не претставува проблем за некој.

Мостот преминува преку реката „ Nizhu“ и колку да имате претстава за падот надолу кон водата – речиси колку две Ајфелови кули или една и пол Емпаер Стејт Билдинг.

high-bridge_1024

Овој нов мост го надминува претходниот рекорден мост во височина над реката „Sidu“ исто така во Кина, што се издига на повеќе од 500 метри во височина, иако точната височина на мостот е дискутабилна.

Погледнете уште некои од највисоките мостови во светот:

1

Највисокиот мост во светот, во однос на својата структура, а не во височината над земјата е Виадукт Мијо во Франција, кој е висок 343 метри вкупно.

За овој мост биле потребни 3 години за да се изгради и чинел 394 милиони евра. Долг е 2.460 метри, но е само 270 метри над земјата, што е помалку од една Ајфелова кула.

Неодамна бевме импресионирани и од стаклениот мост „Zhangjiajie Grand Canyon“ исто така во Кина, кој е и највисокиот и најдолгиот стаклен мост во светот.

2

Овој мост за пешачи е 300 метри над земјата и нуди искуство на банџи-скокови од 265 метри, што се верува дека е најголемата височина за овие скокови досега.

За жал, мостот е затворен само две недели по неговото отварање во август, со изјава од претставниците дека треба да се спроведе итно одржување, но сепак, датумот за повторното отварање се’ уште не е одреден.

Поддржете ја нашата работа: