Животните може да предвидат земјотрес

Неодамнешниот земјотрес што го потресе Скопје уште еднаш покажа колку е тешко да се предвидат природните катастрофи. Иако постојат добри сознанија за земјотресните зони на планетава, сепак не постои начин да се предвиди кога ќе случат големите земјотреси со магнитуда од 7-8 степени.

Но, се знае дека животните можат на некој начин да го насетат почетокот на ваквите настани. Непосредно пред да се случи земјотрес, животните почнуваат да се однесуваат чудно – на пример, наеднаш да ги напуштаат своите живеалишта и да бараат засолниште. Причина за ваквото однесување можеби е тоа што тие можат да ја почувствуваат миризбата, брзо-патувачките бранови или хемиските промени во подземните води, што му претходат на земјотресот.

Иако постојат одредени можности, сепак се потребни дополнителни истражувања затоа што е тешко да се најде статистички значајна врска помеѓу необичното однесување на животните и претстоечката катастрофа.

Бидејќи природните катастрофи се случуваат релативно ретко, тешко е со сигурност да се протолкува однесувањето на животните после настанот. Моќните компјутери би можеле да се искористат за следење на групите од животни и нивниот природен инстинкт да се употреби како предупредување за природните катастрофи.

Анализа на животните

Има области каде способноста на животните за прецизна детекција е неоспорна, како на пример, способноста на кучињата да препознаат знаци на рак, што инаку тешко се препознаваат. Исто така, познато е дека ако се обезбеди соодветна технологија, тие можат да го покажат тоа што го детектираат – на пример со притискање на одредено копче. Ова е еден пример каде со соодветна технологија може да се потпомогне природното однесување на животните и тоа да се пренесе на начин што ќе може да се разбере.

Се разбира, клучната  разлика помеѓу куче што детектира рак и јато птици што наеднаш полетале како последица на раните на знаци на претстоечката катастрофа е во бројот на единките. Може да се очекува дека земјотресот што претстои би влијаел на повеќе единки во исто време, со што би се зголемил ефектот. За да се соберат податоци од голема група, а во исто време да се филтрираат звуците во позадината, потребно е брза и еластична обработка во облак. Сепак, технологија што може да го направи ова постои и понекогаш служи за следење на курсот на поголема група на летала.


Па, останува прашањето како да се забележат податоците од однесувањето на голема група животни и тие да можат однапред да се искористат, а притоа да не се наруши животот и природното однесување на животните.

Истражувањата покажале дека ставањето на сензори, како што се биотелеметрички уреди на животните, може да има сериозни последици по нивната благосостојба и го менува нивното природно однесување, што ги прави добиените податоци невалидни. Се разбира и поставувањето на сензори на огромен број животни, секоја наредна генерација е исклучително непрактично.

Подобра опција би била да се мониторираат промените во однесувањето на животните во нивните природни живеалишта со помош на амбиентални сензори, како што се детекторите за движење. Податоците би можеле да се искористат автоматски да се детектира секое отстапување од нормалниот начин на однесување на животните.

Системите за мониторирање на колективното однесувањето на животните би можеле да користат сензори за детекција на големи групи на животни во специфични области, мониторирање на брзината и формата на нивните движења или да се забележуваат промени во звуците што ги испуштаат. Се разбира, овие податоци треба да бидат обезбедени, за да се спречи нивна евентуална злоупотреба (за да не се искористат за лов на пример.)

Значи, би можеле и кај животните да користиме пристапи и технологии кои обично се користат за поврзување на луѓето и компјутерите, да ги создадеме средствата и условите потребни за да се направи тоа, што може да ни помогне не само да ги предвидуваме земјотресите, туку и да дознаеме многу други работи од животните – само ако научиме како!

Поддржете ја нашата работа: