Животните се многу попаметни отколку што мислиме

Кој е најпаметниот вид на светот? Може веднаш ќе помислите на луѓето, но реалноста е многу посложена.

Франс Де Вал, приматолог на Универзитетот Емори, има нова книга наречена „Дали сме доволно паметни за да знаеме колку се паметни животните?“ и во неа тој дава стотици примери за изненадувачка интелигенција од овие нечовечки видови, вклучувајќи многу случаи кога другите животни се чини дека се попаметни од нас.

На пример, шимпанзата можат многу лесно да ги победат луѓето во сеќавање на збир на броеви прикажани за дел од секундата.

Октоподите можат да научат да отвораат шишиња за апчиња кои имаат заштита за децата да не можат да ги отворат, додека пак многу луѓе не можат да го направат тоа.

Кучињата и коњите, како и другите видови кои поминуваат време околу луѓето, можат да препознаат низи на говор на телото кои се непознати за нас.

Многу видови можат да прават нешто што ние не може ни да го замислиме, лилјаците летаат во просторот со помош на одбивање на звукот од објектите, птиците ја откриле сложената механика на летање и слетување, а крлежите пак ги препознаваат цицачите преку мирисот на маслената киселина.

Всушност, оперативниот систем на секој вид е подесен да го прави она што треба да го прави, што ја прави споредбата на интелигенција прилично бесмислена.

„Навистина не е фер да се прашува дали верверичката може да брои до 10, кога броењето не е она за што е наменет животот на верверичката навистина. Ние не можеме да се натпреваруваме со нив на оваа задача. Јас дури заборавам каде сум ја паркирал колата, но тоа не е важно, бидејќи на нашиот вид не му треба тој вид на меморија за опстанок како што им треба на шумските животни особено за време на зима.“ – објаснува Де Вал.

SquirrelBIBody

Кога луѓето се обидуваат да го анализираат сознавањето на животните, тие имаат тенденција да се фокусираат на човековата дефиниција за интелигенција со што всушност се нарушува целиот експеримент.

Земете ги на пример шимпанзата, кои делат 99% од својата ДНК со луѓето. Де Вал опишува една женка по име Киф која научила да храни посвоено бебе шимпанзо со шише и да го тргне шишето кога тоа треба да ждригне. Уште поимпресивно, е како таа, секогаш кога била повикувана во посебен дел за јадење, прво одела да го посети алфа мажјакот, алфа жената и неколку пријатели и да им даде проштален бакнеж.

Денди, млад мажјак бил доволно паметен за да не открие на другите шимпанза дека пронашол закопани грејпфрути, за подоцна да се врати сам и да ги изеде.

ChimpBiBody

Гранде, друго шимпанзо, седело тивко кога не можело да ги дофати бананите обесени на таванот, се додека во моменти на инспирација не пронашол други техники како поврзување на прачки за да создаде алатка или редење на кутии за да се искачи повисоко.

Шимпанзата покажуваат когнитивна комплексност речиси на човечко ниво во овие активности. А постојат и области каде нивните размислувања ги надминуваат човековите, како на пример краткорочното сеќавање и некои видови на општествена свест.

Super-Smart-Animals-007

Според Де Вал, ние сме на почетокот на нова научна ера која ќе ја препознае сложеноста на сознавањето кај животните.

„Секоја недела дознаваме нешто ново, слушнавме дека стаорците може да жалат за сопствените одлуки, враните да произведуваат алатки, октоподите да препознаваат човечки лица и посебните неврони да им овозможуваат на мајмуните да учат од грешките на другите. Зборуваме отворено за културата кај животните и нивната емпатија и пријателства. Ништо не е надвор од дозволените граници повеќе, дури не е ни рационалноста која што некогаш се сметаше за заштитен знак на човештвото“- додава тој.

Со овој чекор, може да дојде не само до подобро разбирање на светот околу нас, туку исто така, се појавува и дебата за правата на животните.

Оваа статија првично е објавена во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: