Во Македонија, и општо на Балканот, луѓето попрво ќе дозволат да им се отсече дел од телото, отколку да им се дијагностицира ментална болест. За волја на вистината, се прават обиди за едукација, и воопшто запознавање со различните ментални болести. Пред неколку години прв пат се сретнавме со терминот групна терапија. Постојат стручњаци за семејна, когнитивна, гешталт терапија, но на консултации повеќе одат здрави, отколку ментално заболените лица Според статистика направена во психијатриската болница Скопје, доброволно најчесто се пријавуваат алкохоличарите и наркоманите.
Стравот, срамот, неприфаќањето на проблемот, се главните причина зошто психијатарот е “зло”. Нашава средина знае да биде страшно брутална. Ај што сме мало место, па веднаш се дознава и се лепи етикета, туку и не сме доволно едуцирани и подготвени. На пример, градинки за деца со аутизам почнаа да се отвараат последниве неколку години. Во најава е нов центар во Штип.
На балканот има и друг феномен, бајачка. Тие често пати ја завземаат улогата на психологот или психијатарот. 2-3 утешни реченици, една амајлија и проблемот е решен.
Од една страна, имаме скептично население и од другата институциите кои се буквално немоќни и функционираат во абнормални услови.
Mоже да стане збор за три (групи) фактори или нивна комбинација:
- Менталните нарушувања не се зачестени, туку само станавме подобри во нивното препознавање и дијагностицирање;
- Нашето ментално здравје е реално позагрозено и послабо отколку кај претходните генерации;
- Психолошките состојби кои некогаш ги сметавме за нормални, евентуално чудни, денес ги етикетираме како ментални нарушувања.
Сите овие форми на дискриминација стануваат интернализирани, што доведува до развој на авто-стигматизација: Лицата со ментална болест започнувааат да веруваат во негативни мисли изразени од страна на другите и веруваат дека се неспособни за опоравување, не заслужуваат заштита заштита, се доживуваат како опасни, или одговорни за своите болести. Потоа следува срам, ниско самопочитување, и неможност да ги постигнат своите цели.
Авто-стигмата, исто така, може да доведе до развој на “зошто да се обиде” ефект, при што луѓето веруваат дека тие не се во состојба да се опорават и да живеат нормално, па нема поента да превземаат нешто.За да избегнат да бидат дискриминирани, некои луѓе може исто така да се обидат да избегнат да бидат означени како “ментално болен” со негирање или криење на нивните проблеми и не бараат заштита.
Структурната стигматизација (на пример, стигмата која е дел од социјалните и институционалните политики и практики) претставува дополнителна голема бариера за ментална грижа и ги поткопува можностите за барање помош. Недостатокот на паритет меѓу покритие за ментално здравје и здравствената заштита, недостаток на средства за истражување на менталното здравје, употребата на историјата на болест во правните постапки, се структурни причини поради кои луѓето одбиваат да бараат третман.
Истражувањата покажаа дека образованието, културата и социјалните мрежи влијаат на односите меѓу стигматизацијата и пристапот до здравствена заштита. На пример, митови за менталната болест и третман може да доведе до развој на стигма и дискриминаторски практики. Културни фактори можат да влијаат на видовите на однесување кои се смета дека ги кршат општествените норми и степенот до кој дискриминација против луѓето кои прикажуваат некомфорно однесување е прифатен. Социјалните мрежи, вклучувајќи и членови на семејството, пријатели и соработници, исто така, имаат големо влијание врз одлуките на луѓето да побараат третман.