Погледнете ги новите фотографии од Јупитер
Во последно време вниманието е свртено на сондата Касини, која орбитирајќи околу прстените на Сатурн ни враќа неверојатни фотографии.Но, да не заборавиме на Јупитер кој е подеднакво фасцинантен. Сега го имаме леталото Џуно кое орбитира околу Јупитер, и исто така ни испраќа назад сосема пристојни фотографии.НАСА всушност ги охрабрува членовите на јавноста да ги средат малку и ги постават...
Научниците во Церн го разбудија Големиот Хедронски Акцелератор од хибернација
По седумнаесет неделна неактивност големиот хадронски акцелератор (LHC) е повторно вклучен и наскоро треба да работи подобро од било кога.Додека LHC обично оди на зимски одмор, со цел техничарите да можат да извршат поправки и подобрувања, оваа година паузата беше подолга од обично. Суперспроводливиот магнет е заменет и е инсталиран нов, со што наскоро акцелераторот на честички повторно ќе...
Објавени првите резултати од истражувањата на Јупитер направени од сондата Џуно
Сондата Џуно на НАСА, речиси една година кружи околу Јупитер и сега ги испрати првите податоци.Тие беа презентирани на годинешната конфернција на Европската унија на геолози и се чини дека би можеледа го променат нашето сфаќање во врска со најголемата планета во Сончевиот систем.Претходните опсервации од страна на сондата Галилео укажуваа дека Јупитер има цврсто јадро од метален водород,...
НАСА открива “мега цунами“ од вжештен гас, двојно поголем од Млечниот Пат
НАСА открила топол гас кој се тркала низ далечната галаксија, и вели дека е огромен. Со големина од околу 200.000 светлосни години, бранот е речиси двојно поголем од Млечниот пат, а забележан е во близина на галактичкиот кластер Персеј.Научниците велат дека бранот се формирал претходно, пред повеќе од неколку милијарди години, откако огромните количини на гас на Персеј заминале...
Леталото Касини „заплови“ помеѓу прстените на Сатурн
Сондата Касини на НАСА, повторно воспостави контакт со Земјата, откако во средата за прв пат „заплови“ помеѓу Сатурн и нејзините прстени за да може да ја испита атмосферата околу нив и да ја измери јачината на магнетното и гравитационо поле во тоа подрачје.На својот пат околу Сатурн, леталото Касини испрати повеќе од 3.000 научни извештаи од „далечните светови“ и...
Метеорски дожд го осветли небото над Кина
Метеорскиот дожд Лирид, минатиот викенд го „запали“ небото над планината Чангбаи, во североисточната кинеска провинција Јилин.Десетици метеори биле видливи цел час.Лирид се случува секоја година кон крајот на април, најчесто помеѓу 19-ти и 23-ти, кога Земјата поминува низ опашката на кометата Тачер.Метеорските дождови се создаваат кога прашина и други честички се откинуваат од небеско тела и влегуваат во земјината...
Откриен потполно нов атмосферски феномен
Благодарение на група астрономи-аматери, откриен е нов атмосферски феномен и тоа со помош на фотографии објавени на Фејсбук.Оваа восхитувачка појава прв пат била документирана од страна фејсбук групата „Alberta Aurora Chasers“ минатата година. Групата ја сочинуваат аматери заинтересирани за поларната светлина кои разменуваат фотографии од овој феномен.Бидејќи во вакви случаи лицата кои ја откриле појавата имаат право да ја...
Прва фотографија од црна материја што спојува две галаксии
Астрофизичарите од Канада успеале да ја направат првата слика на „мост“ од црна материја за кој се верува дека поврзува две галаксии.Истражувачите од Универзтетот во Ватерло ја користеле техниката позната како гравитациона леќа, за креирање на композитната слика од мостот. Гравитациона леќа е ефект кој предизвикува сликите од далечните галаксии да изгледаат по малку искривени под влијание на некоја...
Река стара 300 години исчезнала за четири дена
Реката Слимс, која низ Канада течела 300 години, целосно исчезнала во 2016 година.За само четири дена водостојот на реката сосема опаднал и на нејзиното место денеска се наоѓа само празно, суво корито.Како причина за исчезнувањето на реката научниците ги наведуваат климатските промени, односно поместувањето на глечерите. Се предвидува дека слична судбина ќе ги најде голем број други реки ширум...
Откриена нова планета која би можела да биде погодна за живот
Астрономите откриле нова планета која спаѓа меѓу малубројните небесни тела на кои може да се развие некаква форма на живот.Оваа планета наречена „LHS 1140b“, орбитира околу ѕвезда во соѕвездието Кит, оддалено од Земјата 40 светлосни години.„Ова е највозбудливата егзопланета што сме ја виделе во последните децении. Не можевме да се надева дека ќе откриеме подобра цел во потрага по...
Астрономите можеби конечно ја имаат првата слика од црна дупка
Првиот обид да се „погледне“ во една црна дупка и да се направи фотграфија од нејзиниот хоризонт на случувања- точката од која нема враќање, односно границата простор-време, се чини дека е успешен, со оглед на тоа дека десетдневниот период на опсервација поминал без позначајни поблеми.Сите собрани податоци се ипраќаат до два суперкомпјутери, во САД и Германија на понатамошна обработка,...
Астероид со дијаметар поголем од 600 метри ќе помине блиску до Земјата
Огромен астерид ќе помине покрај Земјата денес, а НАСА со внимание го следи неговото движење.Оваа вселенска карпа, позната како 2014-JO25 е откриена во мај 2014 година. Според современите мерењата на НАСА, астроидот е со големнина од околу 650 метри, а неговата површина е два пати порефлективна од површината на Месечината. Засега малку е познато за физичките својства на овој...
Акција за чистење на вселенскиот отпад
Во изминатите 60 години направени се скоро 5.000 лансирања ракети, сателити и други летала, што резултираше со огромна акумулација на отпад во орбитата на нашата планета.Oд тоа само исклучително мал дел претставуваат функционални летала, додека остатокот - околу 94 проценти се предмети кои не служат за ништо.Околу 64 проценти од предметите што рутински се следат претствуваат делови откинати од...
Обновено – Возбудливи денови за науката: Пренос од прес конференцијата на НАСА во врска со нови откритија за “Вонземските океани“
Обновено: НАСА известува дека Касини потврдува извор на кислород под површината на месечината Енцелад (тоа се претпоставуваше и порано), кој би можел да поддржи живот како оној на Земјата. Се претпоставува дека овој ефект би можел да биде ефекет на присуството на метан во оваа средина, што е директен показател на постоење на одредени форми на живот, дури и...
НАСА ќе го уништи леталото Касини за да не ја загади Месечината на Сатурн
Сондата Касини која кон Сатурн беше лансирана во 1997 година, полека останува без гориво. Со цел да се избегне потенцијално загадување на Месечината на Сатурн, НАСА планира да го уништи ова летало. Пред да биде уништена, Касини ќе прелета помеѓу Сатурн и неговите прстени и ќе настојува да сними што повеќе податоци.Роботската сонда по име Cassini Huygens, е летало...
За прв пат откриена атмосфера околу егзопланета слична на Земјата
Научниците велат дека за прв пат детектирале атмосфера околу една егзопланета.Тие ја проучувале планетата позната како „GJ 1132b“, која е 1,4 пати поголема од Земјата и се наоѓа на оддалеченост од 39 светлосни години.Нивните опсервации укажуваат дека оваа „супер-Земја“ е обвиткана со дебел слој од гас, кој претставува или водена пареа или метан или смеса од двете материи.Во истражувањето...
Пронајдени масивни подземни тунели на Месечината
Неодамна експертите пронајдоа гравитациони аномалии кои укажуваат на посоење на подземни шуплини на Месечината, што беше заклучено врз основа на податоците на GRAIL.Група јапонски научници тврдат дека пронашле масивни подземни тунели на Месечината. Овие тунели, во блиска иднина би можеле да се искористат како совршени засолништа за астронаутите, изнесуваат истражувачите на 48. конференција за лунарни и планетарни науки.Како што...
Пронајдени нови планети во Сончевиот систем
Астрономите од Националниот Универзитет во Австралија пронашле четири објекти во Сончевиот систем кои би можеле да бидат прогласени за планети.На научниците им помагале 60 илјади доброволци од целиот свет кои разгледувале фотографии од 4 милиони објекти во вселената за време на потрагата по нови планети.На овој начин веќе се пронајдени две нови планети, што би значело дека со истиот...
Мистериозниот блесок на Х-зраците во далечната галаксија ги збунува научниците
Астрономите забележале мистериозен блесок на рендгенски зраци во нашата галаксија оддалечени 10.7 милијарди светлосни години.Овој феномен го открил телескопот на НАСА Чандра за време на најдлабокото сликање на рендгенските зраци, а научниците ги збунува фактот дека блесокот на изненадување се појавил и потполно исчезнал во рок од еден ден.Експертите сметаат дека ова би можело да биде резултат на потполно...
Како НАСА планира да го оживее Марс
Доколку ги прашате научниците зашто на Марс е толку ладно и безживотно, ќе ви одговорат дека причината за тоа е што пред 4,2 милијарди години Црвената планета неповратно го изгуби своето магнетно поле. Без оваа заштита, соларните ветрови на Марс му одзедоа поголем дел од неговата атмосфера, со што опстанокот на каков било вид на живот е практично невозможен....














































