Откриен елементот кој недостасуваше во Земјиното јадро

Општо познато е дека најскриениот дел од земјата е направен главно од железо (околу 85%), а присуството на никел е околу 10%. Мистерија е кој е составот од останатите 5% .Јапонски научници веќе со децении трагаат по елементот што недостига во јадрото на Земјата, а сега веруваат дека го утврдиле идентитетот на елементот кој, освен железото и никелот, сочинува...

Физичарите содадоа нова форма на водород

Како елемент што сочинува 75% од целата маса во Универзумот и повеќе од 90% од сите атоми, ние сме прилично добро запознаени со водородот.Но, овој наједноставен и најзастапен елемент во Универзумот се’ уште има некои трикови во ракавот, бидејќи физичарите создадоа досега невидена форма - негативно наелектризирани водородни кластери.За да ги разбереме негативно наелектризираните водородни кластери, прво да ги...

Можно ли е со помош на телескоп да се види дали слетувањата на Месечината биле вистинити?

Секој голем историски настан, речиси неизбежно го следат и теории на заговор, кои обично се состојат од потполно различни објаснувања за настанот, што подоцна поттикнуваат бројни контроверзи и дебати околу валидноста на оригиналната приказна. Низ историјата постојат бројни теории на заговор, но едни од најпопуларните настани, чија автентичност е сѐ уште оспорувана од многу поединци, заедници, па и држави...

Откриени гигантски кули од мраз на Плутон високи 500 метри

На вселенската сонда „New Horizons“ на НАСА и беше потребна речиси една деценија за да го најде патот низ Сончевиот Систем за историското прелетување над Плутон во 2015-тата година, при што ги откри неверојатните кули од мраз кои достигнуваат 500 метри во небото.Ова е прв пат ваков феномен да се забележи некаде во Сончевиот Систем, освен на Земјата, а...

Нова фотографија која ни ги покажува Земјата и Месечината гледани од Марс

Оваа нова неверојатна слика од НАСА, направена од страна на „Mars Reconnaissance Orbiter“, не само што ја покажува нашата планета во континентални детали од Марс, туку исто така ја покажува и релативната големина на нашиот мал сателит, Месечината.Глетката е толку чиста, што може да се видат континентите на Земјата. Австралија е видлива како црвеникаво топче во центарот, Југоисточна Азија...

НАСА најавува две нови мисии за истражување на астероиди

Астероидите се едни од најнеистражените територии во Сончевиот систем. За да дознаеме нешто повеќе за нив, НАСА објави две нови мисии кои ќе посетат нови видови на астероиди во 2030-тите години.Во 2023 година, НАСА ќе го лансира леталото „Psyche“ кое ќе одлета во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер за да го истражува астероидот „16 Psyche" којшто всушност претставува...

Пронајден нов тип на галаксија, со феномен кој ги збуни астрономите

Научниците открија исклучително редок вид на галаксија која се наоѓа на околу 359 милиони светлосни години од Земјата, единствена кружна структура која досега не е идентификувана.Галаксијата, наречена „PGC 1000714“, на пример е прстенеста галаксија во која надворешниот круг на млади ѕвезди го опкружува старото галактичко јадро.Сепак, кога ке се погледне подетално, „PGC 1000714“ открива дека јадрото не се наоѓа...

Црната материја во Универзумот се губи, а научниците конечно пресметале во колкава количина

Руските научници од Институтот за нуклеарни истражувања во Москва за прв пат успеале да го измерат количеството на црна материја во Универзумот, што исчезнало после Големата експлозија, што се случила пред околу 13,7 милијарди години. Тие пресметале дека се распаднале најмногу до пет проценти од црната материја.Со овие наоди би можела да се објасни една од најголемите мистерии во...

Колку долго би можеле да преживееме на другите планети?

Нашата планета Земја е навистина убаво место за живеење и со сигурност ќе ја цените повеќе кога ќе погледнете колку долго би можеле да преживеете на другите места во нашиот Сончев систем.Во видеото подолу, Нил Деграс Тајсон истакнува точно колку време би било потребно за да достигнете прилично ужасна смрт на другите планети, доколку немате вселенски костум. Можеби сметате...

Лоциран изворот на мистериозните радио сигнали од далечната вселена

Веќе 10-тина години, астрономите детектираат необични извори на радио бранови со висока енергија, од далечните делови на вселената. Секоја трансмисија на овие т.н. „fast radio bursts” (FRB), за краток момент оддава енергија на милиони ѕвезди, за во дел од секундата да се изгуби. Се досега, изворот на овие моќни сигнали беше мистерија за научниците.„Не знаеме каков тип на објект...

Објавен првиот концепт за живеалиштата на Марс

Истражувачите на НАСА имаат многу проблеми кои треба да ги решат доколку сакаат еден ден астронаутите да се сместат на Марс. Една од најголемите пречки е каде овие луѓе ќе спијат и живеат, па после предложените идеи, инженерите можеби конечно дојдоа до решение – концептуален дизајн на „леден дом“.НАСА размислува за создавање на куполи на дување, покриени со мраз,...

Што да очекуваме од вселенската наука во 2017

По тешката 2016–та година на Земјата, еве неколку причини зошто се смета дека новата 2017–та година ќе биде неверојатно возбудлива.Почнувајќи од меторски дождови и затемнувања па се до епски мисии во вселената и повеќе, 2017–та ќе биде вредна година за дочекување.1. Метеорски дожд КвадрантидиПочетокот на новата година ќе го одбележи метеорски дожд ноќта на 3-ти кон 4-ти јануари, којшто...

Комета ќе помине покрај Земјата за Нова година. Не, не е знак за апокалипса

Доколку сте воодушевени од новогодишните огномети, пробајте да гледате утре вечер подолго во небото бидејќи постои огромна можност да видите комета која поминува околу Земјата секои пет години!Кометата, наречена „Comet 45P/Honda-Mrkos-Pajdušáková“, е поставена да се појави некаде во близина на полумесечината на 31 декември. За жал, освен со телескоп нема да е видлива со голо око.Додека кометите историски се сметаат...

Откриени 6 мистериозни радио сигнали надвор од нашата галаксија

Во март, научниците открија 10 моќни радио сигнали кои доаѓаат од иста локација во просторот. Сега, научниците откриле уште 6 од сигналите кои навидум произлегуваат од истиот регион, далеку од нашиот Млечен Пат.Овие брзи радио експлозии (FRB) се едни од најтаинствените експлозивни сигнали откриени досега во вселената. Тие траат само неколку милисекунди, но во тој краток период на време...

Научниците ќе ја ловат црната материја на дното на еден рудник за злато

Се смета дека црната материја е пет пати позастапена во Универзумот од обичната материја. Бидејќи многу слабо стапува во интеракција со други работи, како што се протоните и електроните што го сочинуваат сѐ она што е околу нас, сѐ до денес не сме успеале директно да ја детектираме.Таа дури не реагира ни со светлината, па затоа и се нареува...

За прв пат – На Марс детектиран елементот бор

Роверот „Curiosity“ на Марс открил постоење на елементот бор, што укажува дека во одреден момент на Црвената планета имало подземни води погодни за живот.Елементот бор претставува хемиски „потпис“ на вода што испарила. И покрај тоа што сѐ уште не се знае дали на Марс постоел живот, ова откритие е уште еден доказ дека на планетата некогаш имало многу вода,...

Што би се случило доколку астероид удри во нашиот океан?

Кога ќе помислиме на тоа како би изгледал еден удар од астероид на Земјата, сите ние замислуваме катастрофална смрт и уништување што би резултирало доколку некој камен од вселената би паднал во некој голем град или урбана средина.Но, со оглед на тоа што 70 проценти од светот е покриен со вода, поголема е веројатноста некој астероид да удри некаде...

Земјата не е подготвена за удар од астероид

НАСА секогаш дејствувала многу смирено кога станува збор за астероидите, секогаш кога некој ќе се доближел до Земјата тие соопштуваат дека сите познати „потенцијално опасни астероиди“ имаат помалку од 0,01 проценти шанса за удар во Земјата во следните 100 години.Но, со откривањето на околу 5 нови астероиди секоја вечер од страна на НАСА, постојат премногу кои се’ уште не...

Леталото Касини ќе се урне на Сатурн

Во септември 2017 година – речиси 20 години после неговото лансирање, леталото Касини ќе се урне на Сатурн, жртвувајќи се себеси за да открие дали некоја од месечините на овој „прстенест“ џин е погодна за живот.Откако влезе во орбитата на Сатурн во 2004 година, Касини направи илјадници извонредни фотографии од планетата со нејзините прстени и месечини. За време на...

Оваа галаксија се уништува одвнатре од супермасивна црна дупка

На оддалеченост од околу 150 милиони светлосни години, опкружена со чудни форми на облаци, се наоѓа една бизарна галаксија која долго врема претставува мистерија за научниците.Се работи за галаксијата наречена „NGC 4696“, која е една од стотиците ѕвездени системи кои го сочинуваат галактичкото јато Кентаур, лоцирано во соѕвездието Кентаур. За разлика од нејзините бројни придружнички, галаксијата „NGC 4696“ се...

Најново од Енаука.мк

„Библиотека“ од фаги против отпорни бактерии

Истражувачи создаваат „библиотека“ од бактериофаги што селективно уништуваат бактерии отпорни на антибиотици. Колекцијата би можела да помогне во развојот на комбинирани терапии за тешки инфекции.