Бинарна ѕвезда се оддалечува од нашата галаксија и никој не знае зошто

Не е потребно големо научно разбирање за да се знае дека одредени објекти во универзумот орбитираат околу други објекти. Но, се чини дека тоа не важи за бинарниот ѕвезден систем „PB 3877“ кој се оддалечува од Млечниот Пат.И покрај гравитационите сили на нашата галаксија, овој ѕвезден систем се оддалечува од нас со брзина од 2 милиони км/час и научниците...

Откриена третатата најголема џуџеста планета во нашиот Сончев систем

Нашиот Сончев систем постојано не изненадува. Неодамна научниците открија скриена месечина на периферијата, како и огромна галаксија која орбитира околу нашата. Сега, тие објавија дека откриле и објект на крајот на нашиот сончев систем, кој е многу поголем отколку што се претпоставуваше.Она што е заедничко за овие три објекти е тоа што се темни, поради што нивното детектирање било...

Колку брзо се менува магнетото поле на Земјата?

Магнетното поле на Земјата кое не’ штити од штетните соларни ветрови и космичката радијација се менува - на некои делови станува посилно, а на некои послабо.Иако се невидливи, овие промени можат да имаат големо влијание - флуктуацијата веќе ја менува локацијата на магнетниот Северен пол и може да одреди на кој начин случувањата во вселената, како што се соларните...

Телескопот Кеплер откри нови 1284 планети

На пресконференцијата која се оддржа вчера (10 мај 2016 година), НАСА потврди нови 1284 планети, од кои 550 би можеле да бидат слични на Земјата со оглед на нивната големина, а 9 од нив се наоѓаат во зоната погодна за живот, односно зоната каде што температурите се такви што водата би можела да остане во течна состојба.Со ова всушност...

Дали НАСА откри нова планета како Земјата?

Во исчекување на прес конференцијата која е закажана за денес во 19 часот, на која НАСА најави ќе ги соопшти најновите сознанија од мисијата на телескопот Кеплер, неизбежно си го поставуваме прашањето што ново откри НАСА?Вселенскиот телескоп Кеплер беше лансиран во вселената во 2009 година, со мисија да бара други планети слични на Земјата. Досега откри неколку потенцијални кандидати, а изгледа...

Зошто Месечината се оддалечува од Земјата?

Месечината се оддалечува од Земјата. Сега е околу 18 пати подалеку од нас, отколку кога била формирана пред 4,5 милијарди години.Без Месечината, планетата Земја би била непрепознатлива. Морињата едвај би имале плима, деновите би имале различна должина, зимите би биле постудени, летата потопли, животните би изумреле поради екстремните услови, а најверојатно и луѓето, бидејќи некои научници сметаат дека Месечината...

Физичарите конечно открија како да ја лоцираат Планетата Девет?

Постојано слушаме за откривањето на мистериозната Планета Девет на крајот на нашиот Сончев систем, која се проценува дека е околу 10 пати помасивна од Земјата. Иако нејзиното постоење се’ уште не е потврдено, научниците сметаат дека доказ за тоа е чудната поставеност на 7 карпести објекти во Кајперовиот појас на работ на Сончевиот систем, кои се движат со различна...

Откриени три планети со најголеми шанси за живот

Интернационален тим од астрономи откри три егзопланети со големина на Земјата, кои орбитираат околу иста ѕвезда, на оддалеченост од само 40 светлосни години од нас – објави „ЕСО“- меѓувладина истражувачка организација на 16 земји.Научниците веруваат дека сите три планети се потенцијално погодни за живот, што може да не доведе поблиску до пронаоѓање на вонземен живот.Матичната ѕвезда на овие планети...

Кинезите на Марс во 2020-та година

Кина објави нови детали за својата мисија за истражување на Марс, според кои има намера да испрати вселенско летало без човечки екипаж во 2020 година. Леталото ќе се состои од три компоненти: орбитер, лендер и ровер.„Сакаме истовремено да орбитираме, да слетаме и да го истражиме Марс, што е многу тешко да се постигне со само една мисија“, изјави директорот...

„СпејсИкс“ планира мисија на Марс до 2018 година

„СпејсИкс“ објави дека планира да да го испрати леталото „Dragon“ без екипаж на Марс до 2018 година. Ова е првиот чекор од плановите на компанијата еден ден да однесе луѓе на Марс, што е и главната цел на основачот на компанијата Илон Маск уште од основањето на „СпејсИкс“ во 2002 година.Според компанијата, овие првични тест-мисии ќе покажат каква технологија...

Мистериозната правоаголна маглина

Телескопот Хабл успеал да направи досега најјасна слика на Црвената правоаголна маглина. Маглината во средината има ѕвезда, иста како и нашето сонце, која е во процес на умирање.Црвената правоаголна маглина, како што кажува и самото име, по форма е праваголна со впечатлива боја и всушност формира огромно „Х“. Во средината на маглината има сонце  многу слично на нашето Сонце...

Научниците забележаа создавање на „Црна дупка – Чудовиште“

Колизијата на три спирални галаксии, на оддалеченост од 1,8 милијарди години од Земјата предизвикала создавање на огромна црна дупка, со маса која е 3 милијарди пати поголема од масата на Сонцето.„Црната дупка во центарот на нашата галаксија е само 4 милиони сончеви маси, што значи дека во споредба со неа, оваа црна дупка претставува чудовиште“- вели д-р. Лиза Харви-Смит...

Космичка мрежа што поврзува 24.000 галаксии (ВИДЕО)

Космолозите одамна сметаат дека универзумот е составен од галаксии кои се поврзани заедно преку гравитацијата. Но, како всушност изгледа оваа „космичка мрежа“?Токму на ова работеле истражувачите од Центарот за комлексни мрежи при Универзитетот Нортвестерн. Тие создале три компјутерски модели за можните врски помеѓу 24.000 галаксии и потоа ги споредиле со реално ноќно небо. Нивното истражување беше објавено во „ArXiv“,...

Хабл откри нова скриена месечина во периферијата на нашиот сончев систем

Пред неколку недели, научниците открија нова огромна галаксија која орбитира околу нашата. Сега, открија и нова месечина во периферијата на нашиот сончев систем.Месечината орбитира околу втората најсветла ледена џуџеста планета - Макемаке, која се наоѓа после Плутон, во Кајперовиот појас, и изнесува околу 161 км. во дијаметар.Што се случува и зошто досега научниците не ги забележале овие објекти во...

Што има после нашиот Универзум?

Познато е дека Универзумот постојано се шири од самиот почеток на времето. Од пред  околу 13,8 милијарди години па до денес, Универзумот се проширил од големина на еден милијардити дел од протонот, па се до немерливи огромни размери како што е денес. Всушност, последните истражувања покажуваат дека тој се шири побрзо од тоа што може да се објасни со...

Добредојдовте во светот на црните дупки

Добредојдовте на местото од коешто нема враќање назад. Добредојдовте во регионот во вселената каде што гравитацијата е толку силна што дури ни светлината не може да избега. Добредојдовте во светот на црните дупки.Црната дупка е гладен ѕверРабот на црната дупка е точката од која нема враќање назад. Проголтува се што се наоѓа премногу блиску, се движи премногу споро или...

Прв сериозен доказ дека на Марс имало атмосфера богата со кислород

Карпите од површината на Марс го дадоа досега најдобриот доказ дека планетата некогаш имала атмосфера богата со кислород.Прекарот „Црвена планета“, Марс го добил по изобилието од железен оксид – инаку познат и како ‘рѓа, што се наоѓа на неговата површина. Но покрај железото, сега роверот на НАСА  „Curiosity“ открил значително количество на манган оксид во карпите од кратерот Гејл...

Менструација во вселената

Уште од самите почетоци, прашањето што ќе се случува со менструацијата на жените во  вселената претставува мистериозно прашање за научниците од НАСА. Вселенските мисии се поврзани со безбројни планирања, но сѐ до 1983 година, кога НАСА ја испрати првата жена астронаут Сали Рајд во вселената, тампоните и влошките не биле дел од тие планови.Медицинските тимови на НАСА не биле...

Телескопот Хабл со прекрасна снимка за 26-тиот роденден

За прославата на 26-годишнината од лансирањето на телескопот Хабл (годишнината е во недела), астрономите го употребија телескопот за да направат величествена снимка на меурестата маглина.Овој огромен меур, познат и како „NGC 7635“ е облак од гас и прашина лоциран во соѕвездието Касиопеја. Прв пат е откриена од Вилијам Хершел во 1787 година. И досега е делумно фотографирана од Хабл,...

Астрономите открија регион во вселената каде црните дупки се мистериозно усогласени

Постои еден регион во вселената каде што неколку супермасивни црни дупки се мистериозно синхронизирани и како резултат на тоа исфрлаат неверојатно моќни радио бранови во истата насока.Астрономите за прв пат забележуваат ваков феномен и велат дека може да е резултат на флуктуациите на првобитната маса во раниот универзум.„Со оглед на тоа што црните дупки не може да си разменуваат...

Најново од Енаука.мк