Јапонија ќе ја освојува Mесечината

Минатата година, Кина успешно ја комплетира својата мисија на Месечината со што стана третата земја која ја освои. Сега, Јапонија планира да биде четвртата нација која ќе остави свој белег на Месечината со тоа што ќе испрати своја роботска сонда во 2018-2019 година. Ова нема да биде првиот јапонски сателит во вселената. Сондата „Hayabusa“ во 2005 година...

Мапа на црната материја

Доколку постоеа само ѕвездите, одамна ќе бевме отфрлени од нашата галаксија. Нашата галаксија содржи некаков материјал кој ја поврзува и е застапен 6 пати повеќе од секој атом од секој елемент во периодниот систем. Тој материјал е познат како црната материја. Црната материја е невидлива и може да се забележи само преку ефектот кој нејзината гравитација го има на...

Формирање на ѕвезди во мртви галаксии

Таквите галаксии, кои често се нарекуваат сфероиди поради својата форма, имале десет пати повеќе ѕвезди во својот центар, отколку нашата галаксија - Млечен Пат, и околу десет пати поголема маса.Астрономите ги нарекуваат овие галаксии црвени и мртви бидејќи тие изобилуваат со антички црвени ѕвезди, но немаат млади сини ѕвезди и не покажуваат знаци на формирање на нови ѕвезди. Проценката...

Откриена нова далечна планета во нашата галаксија

Ова откритие покажува дека „Spitzer“, од својата уникатна положба во вселената, може да се користи за да се открие како планетите се распоредени низ нашата галаксија. Дали се концентрирани во центарот или се порамномерно раширени кон периферијата?„Не знаеме дали планетите се почести во центарот или во дискот на нашата галаксија, и токму поради тоа овие набљудувања се многу важни“,...

Големите бели дамки на Сатурн

Главната помеѓу овие бури, популарно наречена „Големи бели дамки“ (аналогно на Големата црвена дамка на Јупитер) може да достигне големина колку Земјата. За разлика од дамката на Јупитер, која е мирна во центарот и нема молњи, дамките на Сатурн се активни во центарот и имаат долги „опашки“ кои се завиткуваат околу планетата.Во текот на последните 140 години, на Сатурн...

На Марс вода во течна состојба?

Но, новото истражување на роверот на НАСА – „Curiosity“, покажува дека е можно да постои течна вода во близина на површината на Марс. Објаснувањето е дека супстанцијата перхлорат што е најдена во почвата ја намалува точката на мрзнење, така што водата не се претвора во мраз, туку останува во течна состојба како многу солена вода. Наодите од истражувањето се...

Што ако некој умре во вселената?

Претседателот Никсон бил подготвен во случај Нил Армстронг и другите астронаути од Аполо 11 да умрат на Месечината во 1969 година. Дури имал и говор за медиумите во случај да се случи нешто за време на слетувањето. Говорот започнувал со оваа потресна изјава: „Судбината одреди луѓето кои отидоа да истражуваат на Месечината во мир, да останат да почиваат на Месечината...

Како настанала Месечината?

Речиси 30 години научниците биле среќни со ова објаснување - со еден голем исклучок. Иако ова сценарио има смисла кога ќе се земат предвид големината на Месечината и физиката на нејзината орбита околу Земјата, работите немаат смисла кога ќе се спореди нивниот изотопски состав - геолошкиот еквивалент на ДНК. Поточно, Земјата и Месечината се премногу слични што укажува на...

Крвава Месечина

Денешната кравава Месечина (4-ти април), односно целосно затемнување на Месечината траеше само 4 минути и 43 секунди и всушност претставува најкраткото во скоро 5 века, по она на 17-ти октомври 1529 година која траело 1 минута и 42 секунди. Крвавата Месечина е трета по ред, од серијата на вкупно четири еклипси, феномен што астрономите го нарекуваат „тетрада“. Еклипсите се...

Човештвото не е спремно за истражување на космосот

Во иднина само Месечината и Марс ќе бидат цел на вселенски истражувања. Според руските експерти, човештвото не е подготвено да патува подалеку од Марс со човечки екипаж.Ова е содржано во заклучокот на долгорочната програма „Освојување на далечната вселена“ која е изработена во согласност со Владата на Руската Федерација. Во изготвувањето на програмата се вклучени експерти од Роскосмос, „Росатом“, Институтот...

Мистеријата на осамените ѕвезди

Поголемиот дел од ѕвездите во Универзумот го поминуваат својот живот во парови, со сопатници покрај себе - односно во т.н. бинарен систем. Во овие бинарни системи, двете ѕвезди орбитираат околу својот заеднички центар на гравитација.Но, неодамна се појавија древните „RR Lyrae“ ѕвезди кои од мистериозни причини го поминуваат својот живот сами. Овие ѕвезди се едни од најстарите во космосот...

Нови истражувања на црната материја

Црната материја се’ уште претставува огромна мистерија за науката. Во Универзумот постои повеќе црна отколку видлива материја, но е екстремно таинствена; не одбива, не апсорбира и не емитува светлина што ја прави невидлива. Поради ова, се знае дека постои само преку нејзините гравитациони ефектите врз видливиот Универзум.За да откријат повеќе за оваа мистериозна материја, научниците може да ја проучуваат...

Планетите од „Војна на ѕвездите“ во реалноста

Секој фан на „Војна на ѕвездите“ ја знае сцената кога Лук Скајвокер оди низ фармата на својот чичко по пустинската планета Татуин (Tatooine) и гледа две зајдисонца, бидејќи планетата орбитира околу две ѕвезди. Досега, идентификувани се само гасовити џиновски планети непогодни за живот кои кружат околу такви бинарни ѕвезди и многу истражувачи сметаат дека таму не може да се...

Уште докази за постоење на вода на Марс

Депозитите се состојат од испакнатини, рамни депозити и нерамномерни полиња од дини. Научниците испакнатините ги толкуваат како мали извори на вода, рамните депозити како басени каде што се собирала вода, а дините како еолски процеси. Тие сметаат дека флуктуациите на подземните води се главниот фактор кој ги контролира овие депозити.Научниците исто така нагласуваат дека депозитите во кратерите најверојатно...

НАСА денес ќе лансира летечка чинија

На 28 јуни 2014 година беше направено првото тест летање и чинијата беше лансирана од објектот на Американската морнарица во Кауај, Хаваи.Сега, јавноста е поканета да го проследи второто тестирање кое ќе се одржи денес (31 март 2015 година) од 9 до 10 часот наутро. Настанот ќе може да се следи во живо на “http://www.ustream.tv/NASAJPL2“ , а ќе може...

Чудното ротирање на Сатурн

Но џиновските планети Јупитер и Сатурн се многу попроблематични за научниците, со оглед на тоа дека немаат мерливи цврсти површини и се прекриени со дебел слој од облаци, што оневозможува директно визуелно мерење со вселенски сонди. Сатурн претставува дури и поголем предизвик за научниците, бидејќи е познато дека различни делови од оваа жешка топка од водород и хелиум ротираат...

Откриена најголемата зона на удар на астероид!

Кратерот од импактот пред милиони години е одамна исчезнат. Но, тим на геофизичари најде „лузни-близнаци“ на импактот. Инаку ова е најголемата импакт зона пронајдена некогаш на Земјата - скриена длабоко во Земјината кора.   Главниот истражувач, д-р Ендрју Гликсон, од Школата за археологија и антропологија на Австралискиот Национален Универзитет, вели дека импакт зоната е откриена во текот на дупчење, како...

Јупитер одговорен за изгледот на нашиот Сончев систем?

Според едно неодамнешно истражување, Јупитер може да поминал низ раниот сончев систем како топка за рушење ѕидови и притоа да ја уништил првата генерација на внатрешни планети, пред да се повлече во својата сегашна орбита.Овие откритија исто така помагаат во објаснувањето на тоа зошто нашиот Сончев систем е толку различен од стотиците други планетарни системи кои астрономите го открија...

Најново од Енаука.мк