Нова теорија за црната материја

Кластерите се најголемите објекти што постојат во Универзумот. Тие се збир на стотици илјади галаксии кои поради гравитационите сили со текот на времето се доближиле. Во принцип, кластерите растат во големина преку спојување на галаксиите.Системот познат како "El Gordo" е најголемиот познат кластер, кој е резултат на судир помеѓу два големи кластери. Научниците откриле дека процесот на судир го...

Британски астронаут бара помош за огледување на храна во вселената

Мајорот Тим Пике сака учениците да засадат семе од рукола, кое било во орбитата и да го споредат нивниот раст со нормалните растенија. Тој вели дека изнаоѓањето начини за одгледување на храна во вселената ќе биде од суштинска важност ако луѓето почнат да патуваат и да живеат на далечните планети.Експериментот ќе го раководат Кралското хортикултурно здржение и Вселенската агенција...

Џиновски спирали би можеле да го објаснат нашето постоење

Нашите најдобри теории на физиката имплицираат дека ние не би требало да постоиме. „Биг Бенг“ требало да произведе еднаква количина на честички на материја и антиматерија кои речиси веднаш меѓусебно би се уништиле, оставајќи само светлина. Но, тука сме - и се чини дека има многу малку антиматерија наоколу, што всушност претставува една од најголемите нерешени мистерии на физиката.Во...

Најслабо магнетно поле во Сончевиот систем

Магнетните полиња постојат насекаде во универзумот. На Земјата, ние сме постојано изложени на природни и на вештачки магнетни полиња. Во Централна Европа, постојаното магнетно поле изнесува 48 микротесли. На ова се надоврзуваат локалните магнетните полиња, генерирани од трансформаторите, моторите, крановите, металните врати и слично.Група физичари предводени од професорот Петер Фирлингер од Техничкиот Универзитет Минхен (ТУМ), создале простор од 4,1...

Зајдисонце на Марс

Сликите се направени од роверот „Curiosity“ на НАСА, која ја проучува планетата од август 2012 година. Ова е прв пат роверот да го слика зајдисонцето во боја. Сликите се калибрирани, односно бојата е приспособена на камерата на роверот, која всушност ги доловува боите како што би ги виделе луѓето, но е малку помалку чувствителна на сината боја од луѓето,...

Откриени исчезнатите галаксии

Во 2005 година, астрономите откриле мистериозен „вишок“ на сферични галаксии во раниот далечен универзум. Овие галаксии, со околу една третина од големината на оние во нашето соседство и приближно слична маса, ги имало во изобилство пред 11 милијарди години, а денес се многу ретки. Во локалната вселена доминираат елиптични галаксии - џиновски облаци од ѕвезди со мала структура и...

Хабл откри огромен ореол околу галаксијата Андромеда

Темниот, скоро невидлив ореол се протега на околу милион светлосни години од својата галаксија, на половина пат до нашиот Млечен Пат. Научниците се надеваат дека овие откритија ќе им откријат нешто повеќе за еволуцијата на структурата на величенствените гигантски спирални галаксии- најчестиот вид на галаксии во универзумот.   „Ореолите се гасните атмосфери на галаксиите. Својствата на овие ореоли од...

Научниците успеаа да фотографираат гром!

Ова е чекор плус во откривањето на енергиите кои се вклучени во напојувањето на некои од природните зраци.  Како што електричната струја брзо тече од негативно наелектризираните облаци до земјата подолу, молњата брзо се загрева и се проширува на околниот воздух, генерирајќи сонични шок бранови. Иако научниците имаат основно разбирање за настанувањето на громот, тие немаат детална слика за...

Звукот на вселената

Вселената звучи навистина чудно! Слушнете ги овие звучни сигнали снимени во стратосферата, околу 35 километри над површината на Земјата.На фреквенции пониски од 20 херци, овие т.н. „инфразвуци“ се премногу ниски за човечкото уво да ги чуе. Но, со забрзување од фактор 1000, тие звучат како нешто од „Досиеја Икс“, вели Даниел Боуман, дипломиран студент по геофизика на Универзитетот во...

Откриена нова огромна егзопланета

 „Откривме мала ѕвезда околу која многу блиску орбитира огромна планета со големина на Јупитер, а маса на Сатурн“, вели Џорџ Џоу, еден од истражувачите кои ја откриле. „Сигурно се формирала подалеку во надворешноста, па мигрирала, но нашите теории не можат да објаснат како се случило тоа“.„HATS-6b“ има супер мала орбита - една цела година трае колку 3,3 дена на...

Дали универзумот е холограм?

На прв поглед, не постои ни најмал сомнеж - на нас универзумот ни изгледа тродимензионален. Но, една од највлијателните теории на теоретската физика во последниве две децении ја предизвикува таа претпоставка.„Холографскиот принцип“ покажува дека за математичкиот опис на универзумот всушност е потребна една димензија помалку. Она што го гледаме како тродимензионално може да е едноставно слика на дводимензионални процеси...

Се менуваат условите на „Супер Земјата“

Ова е прв пат истражувачите, предводени од Универзитетот во Кембриџ, да откријат атмосферски варијации на карпеста планета надвор од Сончевиот систем и да забележат речиси три пати поголеми промени во температурата во период од две години. Иако истражувачите нагласуваат дека причините за овие вријации се' уште се истражуваат, тие веруваат дека ова се должи на огромните вулкански активности на...

Мистериозен блесок во центарот на Млечниот Пат

Тие имаат неколку теории за тоа. Една опција е дека високо-енергетските Х-зраци од кои е составен блесокот се всушност „крици“ од мртви ѕвезди кои се хранат од своите ѕвездени придружници. Или барем така мисли НАСА, која ги нарекува „крици на зомби ѕвезди“.Објаснето со научни термини, светлината може да е доказ за мртвите ѕвезди во бинарен систем кои извлекуваат материјал...

Што ќе се случи со мозокот на астронаутот на пат до Марс?

Тој е под опсада на деструктивни честички кои можат трајно да ги оштетат неговите когнитивни способности – ова се наодите од Универзитетот Ирвајн во Калифорнија, што се објавени во списанието „Science Advances“.Чарлс Лимоли и неговите колеги откриле дека изложеноста на високо енергетски честички – слично како оние што се наоѓаат во галактичките космички зраци што ги бомбардираат астронаутите при...

Мраз на половите на Плутон

Вселенската сонда на НАСА е на пат кон џуџeстата планета, а за 14-ти јули е планирано блиско прелетување.(ЕНАУКА.МК –Запознајте го Плутон)Сликите снимени од околу100 милиони километри оддалеченост, покажуваат области кои се различно осветлени. Иако се’ уште не можат да се забележат други структури на површината на Плутон, посебно внимание на научниците привлекува еден осветлен дел кој се појавува на...

Најголемата структура во Универзумот

Тоа не е галаксија, ниту галактичко јато, дури не е ни структура во вообичаената смисла на зборот. Повеќе претставува некој вид на огромен космички балон – приближно сферична „суперпразнина“  што се протега на околу 1,8 милијарди светлосни години.Па, што го прави овој балон различен од околните региони во Универзумот? Ништо посебено – има  само значително помалку галаксии во внатрешноста...

НАСА во потрага по вонземјани

Вселенската агенција состави тим од експерти од сите научни области, од некои од водечките национални универзитети и истражувачки институти кој ќе утвдува дали на некоја од повеќе од 1 000 –та планети откриени надвор од нашиот Сончев систем има услови погодни за живот.Иницијативата е наречена „Нексус за егзопланетарна системска наука“ (Nexus for Exoplanet System Science (NExSS)) и спојува научници...

Флуктуации во атмосферата на Титан

Сателитот „Касини“ кружи околу Сатурн уште од 2004 година при што е сведок на една третина од неговата 29-годишна орбита околу Сонцето, што му овозможува да ја набљудува промената на годишните времиња. Но, едно ново истражување покажува дека годишните времиња не се единственото нешто што ја менува атомосферата на Титан - нејзиниот хемиски состав варира според 11-годишниот циклус на...

Најново од Енаука.мк