Рускиот космонаут Корниенко за неговиот американски колега
Рускиот космонаут Михаил Корниенко, кој на 2 март 2016 година се врати на Земјата по речиси едногодишна мисија на Меѓународната вселенска станица, вели дека веќе му недостига неговиот колега - американскиот астронаут Скот Кели.„По слетувањето, не успеавме да зборуваме“, изјавил Корниенко во своето прво интервју на Земјата. „Последен пат се видовме во Жесказган, каде што се одржа официјалниот состанок....
Плутон има облаци?
Вселенското летало Нови Хоризонти кое минатата година прелета покрај Плутон овозможи неверојатен поглед на Плутон и неговата изненадувачки сложена атмосфера која вклучува многу слоеви на магла над ледените планини.Сега, истражувачите ја дискутираат можноста да забележале индивидуални облаци кои укажуваат на уште побогата атмосферска разновидност.Првите знаци за облаци ги забележал Вил Гранди од опсерваторијата Ловел во Аризона, на 13...
Детектирани мистериозни повторувачки радио сигнали
Астрономите детектирале повторувачки радио сигнали кои доаѓаат од длабоката вселена. Овие краткотрајни сигнали познати како „брзи радио експлозии“ (fast radio bursts) и претходно биле забележени, но се сметало дека се последица на еднократен случаен настан. Но, за првпат досега, научниците забележале повторувачки сигнали кои потекнуваат од ист извор кој се наоѓа надвор од нашата галаксија.Десет експлозии кои доаѓаат од...
Што очекува НАСА да открие после едногодишниот престој на астронаутот Скот Кели во вселената?
Астронаутот Скот Кели за доброто на науката помина цели 340 дена на Меѓународната вселенска станица (МВС). НАСА се надева дека ќе открие како делува нула гравитацијата врз телото на Кели во споредба со неговиот брат близнак Марк, кој за тоа време бил на Земјата. Наодите ќе бидат од голема важност за планираните идни долгорочни мисии во вселената.Но прво, еве...
После речиси една година во вселената, астронаутите безбедно слетаа на Земјата
Американскиот астронаут Скот Кели и неговиот руски колега Михаил Корниенко, после 340 дена поминати на Меѓународната вселенска станица, конечно се вратија на Земјата.Астронаутите безбедно слетаа југоисточно од Жесказган, Казахстан, со леталото „Soyuz TMA-18M“ на 2 март, во 10 часот и 26 минути претпладне по казахстанско време. Патувањето траело приближно 3,5 часа.На нивното патување ги придружувал и Сергеј Волков, астронаут...
НАСА ја повикува Индија на соработка за мисијата на Марс
Лабораторијата за реактивен погон на НАСА (Jet Propulsion Laboratory) упатила покана до вселенските агенции од целиот свет, вклучувајќи ја и Индиската вселенска истражувачка организација (или ИСРО), да се состанат идниот месец во Вашингтон, за да дискутираат за тоа како да работат заедно за остварување на патот до Марс- известуваат агенциите.Индиската вселенска организација веќе покажа дека има можности да стигне...
Која е причината за чудниот изглед на Харон, една од месечините на Плутон?
Харон, една од месечините на Плутон, првенствено е позната по својот чуден изглед на површината која е исполнета со долини и ридови, кои прават таа да изгледа како да има лузни. Научниците на НАСА сметаат дека овие чудни формации може да се предизвикани од антички подземен океан кој многу одамна се замрзнал и се проширил.Според истражувачите, кои почнале да...
Откриено досега најдолгото ѕвездено затемнување во Универзумот
Можеби сте имале среќа да видите затемнување на Сонцето, но оние што ние ги доживуваме на Земјата, кога Месечината привремено ја блокира светлината од Сонцето, не се ништо во споредба со новите ѕвездени затемнувања што астрономите неодамна ги открија.Сумин Танг, астроном од Харвард, заедно со своите колеги проучувал повеќе од 10 илјади фотографски плочи направени од проектите „AAVSO“ и...
Нашата планета е уникатна меѓу сите други планети во Универзумот?
Голем дел од астрономските истражувања се засноваат на идејата за пронаоѓање на нешто како нас во вселената, било тоа да е барање средина која би можела да одржи живот, рангирање на планетите во однос на нивниот потенцијал за постоење живот или споредување на некои далечни светови со нашиот.Но, што ако - статистички гледано- шансите за пронаоѓање на друга планета...
Чудна музика на темната страна на Месечината
Во мај 1969 година, астронаутите на НАСА кружеа околу Месечината како дел од последната мисија (Аполо 10) пред Нил Армстронг и Баз Олдрин да зачекорат по нејзината површина неколку месеци подоцна (Аполо 11).Кога астронаутите се наоѓале на далечната (или темната) страна од Месечината, тие слушнале чудни необјаснети звуци што ги нарекле „музика од вселената“.Сега, се појавија аудио снимките од...
Јупитер на 8-ми март „во опозиција“
Ноќта на 8-ми март Земјата ќе помине помеѓу Сонцето и Јупитер, со што најголемата планета во нашиот Сончев систем, Јупитер, ќе се постави спротивно од Сонцето. Тоа ќе предизвика Јупитер да биде тогаш најмногу осветлена планета, од кое било друго време во текот на годината.Со астрономски речник, Јупитер ќе биде „во опозиција“, што значи дека ќе се најде спротивно...
Чувствувајте се како да сте на Марс со новото неверојатно видео на НАСА
Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало да се наоѓате во внатрешноста на некој џиновски кратер на Марс, тогаш погледнете го ова неверојатно видео на роверот „Curiosity“, кое НАСА го објави минатата недела. Потребно е само да кликнете на видеото и потоа влечете го глувчето низ екранот.Роверот го истражува кратерот Гејл, кој е широк 154 километри, а...
Запознајте ги 5-те најинтересни егзопланети во вселената
Од 2010 година па досега, се откриваат по околу 100 нови егзопланети секоја година и како што листата се зголемува, така овие откритија стануваат се’ помалку интересни. За повторно да ви ја разбудиме заинтересираноста за овие планети, ги издвојуваме 5-те најинтересни, најчуди и најекстремни егзопланети коишто се откриени досега.„HD 189773b“На нашата планета врне дожд. На оваа планета врне стакло.Оваа...
Кинезите ќе бараат вонземјани?
Кина објави дека ќе пресели повеќе од 9.000 жители од провинцијата Гижоу, за да обезбеди простор за најголемиот радио телескоп во светот, кој се очекува да почне со работа годинава.Властите во Кина се надеваат дека отворениот сферичен телескоп со дијаметар од 500 метри (Five-hundred-meter Aperture Spherical Telescope (FAST)) ќе помогне во потрагата по вонземски живот, пренесува кинеската агенција Ксинхуа.Телескопот...
Направена првата карта на Марс
„Ordnance Survey“ - официјалната британска агенција за мапирање ја изработи првата карта на друга планета.Организацијата ги искористи податоците од НАСА за да го мапира огромното пространство на површината на Марс како експеримент за да види дали нејзините техники би можеле да бидат од потенцијална корист за идните мисии на црвената планета.Мапата покрива 3.672 x 2.721 километри, со размер 1...
Време е да се збогуваме со лендерот Фили
Германскиот авиовселенски центар (или ДЛР) одлучи дека е време да му кажеме збогум на лендерот Фили, бидејќи заради условите на кометата „67P/ Чурјумов-Герасименко“ станува сѐ потешко повторно да се воспостави контакт со него.Иако лендерот им обезбеди на истражувачите изобилие од податоци - со вкупно 60 часа истражување, неговото патување беше проследено со многубројни проблеми. Првиот дојде при обидот Фили...
CIA објави документи за НЛО
Американската разузнавачка агенција „CIA“ на својата веб страница објави неколку документи за НЛО (Неидентификуван летечки објект), за кои веруваат дека ќе бидат интересни и за скептиците и за оние кои веруваат дека „вистината е таму некаде“.Интересно е тоа што објавувањето на овие податоци се совпаѓа со излегувањето на новата сезона на серијата „Досиеја Х“, па од агенцијата шеговито нагласуваат дека...
ОФИЦИЈАЛНО – Ајнштајн бил во право! Гравитациските бранови постојат!
После 100 години потрага, меѓународен тим на физичари конечно го потврди постоењето на гравитациски бранови. Ова преставува едно од најголемите откритија на векот бидејќи не само што го подобрува нашето разбирање за функционирањето на Универзумот, туку и отвора еден сосема нов начин за негово проучување.Физичарите од oпсерваторијата „LIGO“ го соопштија ова историско достигнување на официјалната прес-конференција која се оддржа...
Дали конечно ќе се потврди општата теорија на релативност на Ајнштајн?
После 100-годишна потрага по гравитациони бранови, физичарите можеби конечно ќе го потврдат нивното постоење.Физичарите од „LIGO“ - една од опсерваториите кои ги истражуваат и бараат гравитационите бранови, закажaa прес-конференција за денеска (11 февруари) во 16.30 часот попладне. Ако им веруваме на гласините, тогаш очекуваме физичарите да ги откријат првите јасни докази за постоењето на гравитациони бранови.Ова е од особено...
Откриени стотици нови галаксии позади Млечниот Пат
Астрономите користат радио бранови за да можат да видат што се наоѓа позади галактичката маса и ѕвездената прашина на нашиот Млечен Пат. На тој начин, во близина откриле стотици галаксии кои претходно не можеле да ги забележат токму поради Млечниот Пат.Научниците регистрирале 833 галаксии (од кои третината никогаш претходно не биле забележани) со помош на радио телескопот „CSIRO Parkes“...














































