Што се случило со антиматеријата?
Ролф Ландуа, научник од ЦЕРН се навраќа на секундите после „Биг Бенг“ за да ја објасни оваа разлика која ни овозможува да преживееме.
15-годишно момче откри нова планета
Том ја посетувал програмата за работно искуство, односно пракса, на Универзитетот Кил во Велика Британија кога прегледувајќи ги податоците од проектот „WASP“ забележал мали точки во светлината на една ѕвезда, предизвикани од мистериозна планета која поминувала пред неа. Сега, после 2 години и после дополнителни анализи и опсервации, научниците од Швајцарија и Белгија конечно го потврдија откритието на Том,...
Предвидувања на соларните бури 24 часа однапред
Короналните експлозии се ерупции на гас и магнетизиран материјал од Сонцето, кои можат да ги уништат сателитите и технологијата со која се поврзани на Земјата, предизвикувајќи пречки во радио врските и прекини во електричната мрежа.Овие ерупции можат да предизвикаат оштетувања на ГПС- технологијата која ја користат различни видови возила, од автомобилите, танкерите за нафта па до тракторите. На пример,...
Контроверзната Божја честичка
Питер Хигс и Франсоа Енглерт ја освоија Нобеловата награда за физика за ова откритие кое ја потврди теоријата за стандардниот модел во физиката на елементарните честички. Во 1964 година, Хигс прв предложи постоење на невидливо поле – Хигсово поле- кое им ја обезбедува масата на честиците. Но, уште од самиот почеток постојат многу сомнежи за природата на честичката, бидејќи некои научници...
Хаотичен танц на месечините на Плутон
Плутон има вкупно 5 месечини. Харон е најголемата и (заедно со Плутон) е опкружена со Хидра, Никс, Кербер и Стикс.По анализирањето на податоците од телескопот Хабл, астрономите откриле дека две од овие месечини, Никс и Хидра, се однесуваат, односно се движат чудно. Астрономите сметаат дека тоа е така поради тоа што Плутон и неговата најголема месечина (Харон) создаваат неурамнотежени...
Како би изгледало небото доколку небесните тела би биле поблиску до Земјата?
Вселената е преполна со прекрасни небесни тела, од меѓуѕвездени маглини до спектакуларни галаксии. Замислете како би изгледале тие доколку би биле многу поблиску до Земјата и би можеле да се видат на небото, без да се користи телескоп!?Руската вселенска агенција „Роскокосмос“, неодамна направи серија на компјутерски симулации во кои се вклучени блиската галаксија Андромеда, Прстенестата маглина, па дури и...
Организми што може да преживеат на Марс
Едно истражување на Универзитетот во Арканзас укажува на тоа дека метаногените - едни од најпростите и најстарите организми на Земјата, би можеле да преживеат на Марс.Метаногените се микроорганизми во групата на Археи кои користат водород како извор на енергија и јаглерод диоксид за да метаболизираат и произведуваат метан, исто така познат и како природен гас. Живеат во мочуриштата, но...
Големиот хадронски судирач започнува со работа
Во почетокот на 2013 година, Големиот хадронски судирач прекина со работа, во период од две години поради планирано одржување и поправки. Сега, најмоќниот акцелератор на светот е подготвен за повторно да започне со својата програма, овојпат со речиси двојно поголема енергија на судир. Оваа нова енергетска граница ќе им овозможи на истражувачите да испитуваат нови граници на нашето разбирање...
Дали Сонцето се обидува да ни каже нешто?
Доколку би се исправиле, нишките би биле долги околу 1 милион км, колку дијаметарот на Сонцето. Нишките се поладни облаци од соларен материјал исфрлен на површината на Сонцето од моќни магнетни сили. Тие можат со денови да пловат без некои промени, но може и да еруптираат ослободувајќи соларен материјал кој или се враќа назад или пак оди...
Материјата што не можеме да ја видиме
Видливата материја сочинува само 4% од универзумот. Џејмс Гилис, научник од ЦЕРН, на интересен начин ни објаснува нешто повеќе за останатите 96% (црна материја и енергија). Погледнете го видеото!
Како настанала кометата 67П?
Ханс Рикман од Универзитетот Упсала во Шведска, заедно со своите колеги, не гледаат никаква причина зошто едниот дел од кометата би еродирала побрзо од останатите, па се фокусирале на теоријата за спојување.Сметаат дека постојат две можности. Едната е дека две грутки мраз и нечистотија (од што се изградени кометите) се споиле уште во раниот почеток на Сончевиот систем. Тогаш,...
Како им влијае вселената на глувците?
Ова претставува најдолг престој на некое животно во вселената. Со оглед на нивниот животен век, деведесет и еден ден во вселената одговара на околу седум години за човекот.Ова е едно од 20-те истражувања, каде се оценува какво е влијанието на 0 -гравитацијата врз здравјето на различни делови од глувците.Со помош на микроскоп, истражувачите откриле дека овие „астроглувци“ имале потенка...
Космички билијард
Астрономите, со помош на телескопот „Хабл“, беа сведоци на судирот на две големи грутки плазма исфрлени во вселената од супермасивна црна дупка која се наоѓа во центарот на шестата најсветла галаксија „NGC 3862“, која се наоѓа на оддалеченост од 260 милиони светлосни години од Земјата. Црната дупка ги исфрлила грутките плазма со 98% од брзината на светлината, при што...
Почетокот на универзумот (+видео)
За да ја објаснат науката во ЦЕРН, односно за да објаснат што е тоа што го прават, научниците од ЦЕРН со оваа интересна анимација, на едноставен начин ни покажуваат како тие ги истражуваат прашањата за универзумот преку реплицирање на топлината, енергијата и активноста на првите секунди од животот на нашиот универзум, веднаш по „Биг Бенг“.
Пронајдена најсветлата галаксија досега
Галаксијата се наоѓа на 12,5 милијарди светлосни години од Земјата и припаѓа на нова класа на небесни објекти, познати како екстремно светли инфрацрвени галаксии (extremely luminous infrared galaxies- ELIRGs). Галаксијата ја открил вселенскиот телескоп „WISE“ на НАСА и формално е позната како “WISE J224607.57-052635.0“.Зошто е толку светла?„Тука гледаме една многу интензивна фаза на еволуција на галаксиите“, вели д-р Чао-Веи...
Европска мисија за одбрана од астероиди
Мисијата би требало да започне во октомври 2020 година и леталото да отпатува до бинарен астероиден систем, односно до парот астероиди „Дидимос“ кој во 2022 година ќе се наоѓа релативно блиску, на 11 милиони километри од Земјата. Главното тело на астероидот е со дијаметар од 800м, а околу него орбитира месечина од 170м. Токму оваа месечина е главниот фокус...
Нова теорија за црната материја
Кластерите се најголемите објекти што постојат во Универзумот. Тие се збир на стотици илјади галаксии кои поради гравитационите сили со текот на времето се доближиле. Во принцип, кластерите растат во големина преку спојување на галаксиите.Системот познат како "El Gordo" е најголемиот познат кластер, кој е резултат на судир помеѓу два големи кластери. Научниците откриле дека процесот на судир го...
Британски астронаут бара помош за огледување на храна во вселената
Мајорот Тим Пике сака учениците да засадат семе од рукола, кое било во орбитата и да го споредат нивниот раст со нормалните растенија. Тој вели дека изнаоѓањето начини за одгледување на храна во вселената ќе биде од суштинска важност ако луѓето почнат да патуваат и да живеат на далечните планети.Експериментот ќе го раководат Кралското хортикултурно здржение и Вселенската агенција...
Џиновски спирали би можеле да го објаснат нашето постоење
Нашите најдобри теории на физиката имплицираат дека ние не би требало да постоиме. „Биг Бенг“ требало да произведе еднаква количина на честички на материја и антиматерија кои речиси веднаш меѓусебно би се уништиле, оставајќи само светлина. Но, тука сме - и се чини дека има многу малку антиматерија наоколу, што всушност претставува една од најголемите нерешени мистерии на физиката.Во...














































