Потрага по екстрасоларни бури
Вселенскиот телескоп „Hubble“ кој орбитира околу 570 км. над Земјата и вселенскиот телескоп „Spitzer“ на НАСА кој се наоѓа на околу 150 милиони км. одалеченост во меѓупланетарниот простор, синхронизирани, започнуваат со следење на егзотичната планета со виолетова боја и големина колку Јупитер, која е одалечена 24 светлосни години и е позната како кафено џуџе.Користејќи ги овие симултани набљудувања од...
Кина планира мисии на Месечината
Леталото ќе собира дополнителни податоци кои ќе помогнат при планирањето на мисијата „Chang'e 5“ во 2017 година, изјави кинеската централна телевизија.Мисијата „Chang'e 5“ треба да донесе најмалку 2 кг. камен и примероци од почвата на Месечината. Ако е успешна, тоа ќе ја направи Кина третата земја, по САД и Русија, која исполнува таков предизвик.Кина веќе има лансирано неколку сонди...
Океани во внатрешноста на Земјата?
Под океаните, Земјината кора е дебела околу 5 километри, па сепак , како да е светлосни години далеку, со оглед на тоа колку малку знаеме за овој витален дел од нашата планета.На пример, дали таму долу има повеќе вода отколку што мислевме? Со децении, претпоставката на научниците е дека океаните настанале од комети кои ја погодиле површината на Земјата....
Откриени 8 нови егзопланети- 2 досега најслични на Земјата
Повеќето од овие планети имаат добри шанси да бидат карпести, исто како Земјата", вели водечкиот автор Гилјермо Торес од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан (CFA). Двете најголеми планети слични на Земјата се „Кеплер-438b“ и „Кеплер-442b“. И двете орбитрираат околу црвени џуџести ѕвезди кои се помали и поладни од Сонцето. „Кеплер-438b“ ја заокружува својата ѕвезда на секои 35 дена, додека „Кеплер-442b“ на секои...
Руска компанија спремна да гради база на Mесечината
Нацрт-програмата за развој на базата, која е испратена за одобрување до Кабинетот за програмата на Месечината за 2014-2025 година, предлага да се издвојат околу 30 милијарди евра. Па така, оваа мисија со човечки екипаж, како и поставувањето на првите елементи на инфраструктура на Месечината се планирани по 2030 година.Илин истакна дека овој проект вклучува користење на веќе постоечки техники...
Синтетичка биологија за „штедливо“ истражување на вселената
Потенцијално, синтетичката биологија може да ги направи вселенските патувања попрактични и поподносливи. За време на летот, да ги зголеми резервите на гориво и другите енергетски потреби, да обезбеди мали количини на сите потребни материјали, како и обновливи хранливи и модифицирани производи и лекови. Со ова, се намалуваат трошоците и се зголемува здравјето и благосостојбата на астронаутите. На вонземска база,...
Науката имаше успешна 2014 година
Јануари Биомедицинските инженери oд Корнел открија нов начин да ги уништат метастазираните клетки на ракот низ крвотокот, со протеин кој селективно цели и ги уништува штетните клетки и ги зачувува белите крвни зрнца. Официјално е локализирана водена пареа на џуџестата планета „Церес“. Се родија првите мајмуни во светот со модифицирани гени преку метод на ДНК- инженеринг познат како „Crispr /...
Научниците загрижени за промената на магнетните полови на Земјата
Инверзијата е процес при кој северниот и јужниот пол си ги заменуваат местата и се случува еднаш во милион години, а последен пат се случил пред околу 800 илјади години. Невозможно е да се предвиди кога точно ќе се случи и затоа сега треба да се преземат мерки на национално ниво кои ќе бидат вклучени во програмата на владите...
Ослабнато Земјиното магнетно поле
Земјиното магнетно поле делува како огромен невидлив балон, кој ја штити планетата од опасното космичко зрачење исфрлено од Сонцето во форма на соларни ветрови. Полето постои бидејќи Земјата има огромна топка од железо на нејзиното јадро опкружена со надворешен слој од течен метал. Промените во температурата на јадрото и Земјината ротација го движат течниот метал во надворешното јадро, создавајќи...
Неколку достигнувања на НАСА во 2014 година
Приказната за МарсВо декември, вселенското летало „Орион“ го заврши своето прво патување во вселената во текот на четири и пол часовен тест лет. „Орион“ е дел од планот на НАСА за развивање на нови технологии и способности, за да се испратат астронаутите уште подалеку од кога било досега, кон Црвената планета. Паралелниот проект на НАСА за лет на...
Поглед од вселената
НАСА и другите агенции и претходно се труделе да создадат поглед од вселената. Во изминатите 15 години, произведени се повеќе сеопфтни слики и информации за Земјата од вселената од кој било друг период во историјата. Во време кога нашата планета е во процес на критично важни промени, овој глобален поглед нуди суштински важни информации. Во чест на 15-годишното постоење на системот за набљудување...
Нов поглед на Сонцето
Научниците првично сакале да го искористат „NuSTAR“ за да го проучуваат Сонцето пред седум години, уште кога телескопот бил во изградба (телескопот се лансираше во вселената во 2012 година). Сега, „NuSTAR“ ќе им овозможи на научниците уникатен поглед, без ризикот од оштетување на своите детектори, како што бил случајот со другите телескопи, бидејќи Сонцето е премногу светло.Првата соларна слика...
Нов сосед на „Млечниот Пат“
Тимот на научници, предводени од проф. Игор Караченчев од специјалната опсерваторија за астрофизика во Русија, ја пронајдоа галаксијата, наречена „KKs3“ со помош на камерата на вселенскиот телескоп „Хабл“ уште во август 2014 година. „KKs3“ се наоѓа во јужниот дел на небото во правец на соѕвездието „Мала Водна Змија“. Таа е џуџеста сфероидна галаксија која нема спирални структури како нашата...
Резервоар со вода на Марс
Иако потеклото, застапеноста и историјата на водата на Марс се се’ уште контроверзни, ова откритие може да одговори на прашањето „каде би можела да отиде исчезнатата марсовска вода“. Научниците продолжуваат да ја проучуваат историјата на планетата со цел да го разберат очигледниот пресврт од влажна и топла клима во денешната сува и ладна клима на површината на Марс. Постоењето...
Како и колку мраз губи Гренланд?
Сега, едно ново истражување открива дека ние всушност многу малку знаеме за ова северно „чудовиште“. Авторите сметаат дека ова истражување претставува прва сеопфатна слика за тоа како исчезнува мразот на Гренланд. Тоа сугерира дека постоечките теории се премногу едноставни за точно да се предвиди порастот на морското ниво и дека може да дојде до исчезнување многу порано од предвиденото....
Лендерот Фили ќе се разбуди идната година?
Точната локација на Фили е мистерија уште од ноември, поради лошото слетување на кометата за коешто пишувавме во една од минатите статии. Фили се закотви и „заспа“ под сенката на една карпа, со што сонцето не ги осветлува целосно неговите соларни панели и научниците не се сигурни дали ќе може да се разбуди откако ќе ги потроши првичните залихи...
Индија лансира ракета на Марс
Ракетата „GSLV MK III“ денес, во раните утрински часови, полета од Срихарикота во јужната држава Андра Прадеш во Индија.Индија досега успешно лансираше полесни сателити, меѓутоа се соочи со проблеми во однос на потешките. Сега со оваа нова ракета ќе биде во можност да носи и потешки сателити во вселената.Во септември,оваа година, вселенското летало на Индија влезе во орбитата на Марс...
Еден тон метеорит заринкан на езерско дно
„Вселенското тело падна од источната страна, од слабо населена област, некаде околу 8 часот . Овој метеорит не предизвикувал никаква бучава додека паѓал, единствено се слушнал кога удрил во мразот“, изјавил Чернобров за новинарите, додавајќи дека тоа е причината поради која многу малку луѓе биле сведоци на настанот.Нуркачите успеале да го лоцираат на дното на езерото, меѓутоа не успеале...
Готови се плановите за руските тешки ракети
„Должни сме да го предадеме идејниот проект во „Роскосмос“ на 15-ти декември. Овој носач, кој има капацитет од 85 до 90 тона,и треба да ги обезбеди идните мисии на Месечината и на Марс“, истакна генералниот директорот на РКЦ Александар Кирилов, на средбата со гувернерот на областа Николај Меркушкин. Во идејниот проект вообичаено се содржани белешки со објаснувања, неопходните...
„CERN“ се подготвува за второ полувреме
Втората фаза на работата на Големиот хадронски судирач следи после двегодишна техничка подготовка со цел да се удвои енергијата што ја постигна првиот пат.„Со ова ново енергетско ниво, Големиот хадронски судирач отвора нови можности за физиката и за идните откритија. Со нетрпение очекувам да видам што уште крие природата за нас“, вели генералниот директор на „CERN“, Ролф Хојер.На 9-ти...














































